Регион
Хан: Нормализација на односите за Косово и Србија да не си пречат во евроинтеграциите
Процесот на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина ќе овозможат Србија и Косово да не се блокираат еден со друг во европските интеграции, изјави еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
„Овој процес ќе обезбеди и Србија и Косово да продолжат со европскиот пат, избегнувајќи ја можноста за меѓусебно блокирање во тие напори, со перспективата и двете да можат да бидат во состојба целосно да ги остварат своите права и да ги исполнат своите обврски“, вели еврокомесарот Хан во интервју за белградска Политика.
Запрашан дали се точни тврдењата на координаторот во разговорите меѓу Белград и Приштина, Блерим Шаља, кој изјавил дека Германија бара двете страни да потпишат правнообврзувачки договор во 2016 година, Хан вели дека не е запознаен со тој датум, ниту, пак, со договор со таква содржина.
Истакнува дека условите кои се наоѓаат пред Србија не биле поставени од Брисел, Европската комисија или, пак, германскиот Бундестаг, туку дека нив едногласно ги поставуваат сите членки на ЕУ, и дека тоа се услови вклучени во преговарачката рамка која беше усвоена во декември 2013 година.
„Таа преговарачка рамка јасно пропишува владеење на законите, како и тоа дека целта за сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово треба да се постигне во раниот процес од преговорите“, прецизира Хан.
Еврокомесарот нагласува дека за членките на ЕУ проширувањето останува приоритет и дека негова желба е што поскоро да дојде до отворање на преговарачките поглавја со Србија, но дека услов за ова е продолжување на реформите и посветеност во дијалогот со Косово.
„Јасниот напредок на двата фронта ќе ми даде најдобри аргументи кои подоцна ќе можам да ги користам за да ги убедам нашите држави членки“, вели еврокомесарот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.