Контакт

Регион

Хан: Слободата на медиумите никогаш не е предмет на преговори

Објавено пред

Слободата на медиумите е во суштината на евроинтеграциите и таа никогаш не е предмет на преговори, порача во средата еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, обраќајки се на третата „Спик-ап“ конференција, посветена на медиумската слобода во земјите од западен Балкан и Турција.

dobivaj vesti na viber

Еврокомесарот Хан посочил дека Европската комисија (ЕК) работи заедно со многуте претставници на националните и регионални организации што работат на слободата на изразување, а оти нивното присуство на оваа конференција покажува колку е важно ова прашање и колку тие се грижат за истото, пренесува МИА.

Хан напоменал дека во 2011-та година, на првата „Спик-ап” конференција се говореше дека слободата на медиумите е фундаментален дел од политиката на проширување на Унијата, со посочена важност на медиумската организација како соговорници на Европската комисија.

„Втората конференција во 2013-та година даде темелна анализа на предизвиците за слободата на говор и дискусиите доведоа до тоа ЕК да формулира сеопфатен политички пристап кон развојот на медиумите во регионот и поставување на темелите од проширувањето на ЕУ за соочување со овие предизвици. Директните, непосредни предизвици бараат долгорочен ангажман на ЕУ и на земјите во регионот. Затоа говорам за процес кога се работи за преговорите за пристапување кон Унијата, а не за преговори. Преговорите се однесуваат само на дискусиите за превземање на европското право, но целиот процес е поважен. Целиот процес со кој треба да се докаже дека има одржливи промени, посебно во секторот на медиумите“, изјавил Хан.

Еврокомесарот за проширување додаде дека тој слушнал дека некогаш се вели дека ЕУ го има загубено интересот за слободата на медиумите на западниот Балкан и во Турција, но додал дека слободата на медиумите е во суштината на процесот на интеграција во ЕУ и тоа не е предмет на преговори.

Австрискиот еврокомесар исто така додал дека не може во исто време да се има пазарна економија и да се загрозува сопственоста на медиуми, како и да не се знае кои се вистинските газди. Според него, влошената ситуација со медиумите влијае на подготвеноста на земјата да се зачлени во ЕУ.

„Земјите од ЕУ се земји каде слободата на секој поединец е да носи самиот избор за себе. Тоа е онаа позната мека моќ на ЕУ што е толку привлечна за многу луѓе, особено за оние надвор од ЕУ, што можевме да го видиме со протокот на бегалците. Слободата на медиумите е суштински столб на ваквите општества и таа ги прави земјите посилни, а оди рака под рака со владеењето на правото и со економското владеење“, истакнал Хан.

Еврокомесарот потенцирал дека работата на медиумите денес во ЕУ и во земјите од пристапувањето е соочена со големи предизвици, и дека разни интереси го отежнуваат финасиското преживување на независните медиуми и оти концетранцијата на медиумите го поткопува диверзитетот, со што се ограничуваат можностите за независно новинарство и се поттикнува цензура.

Во некои држави, според Хан, постојано се влошува ситуацијата, па некогаш и како што рече, самите Влади придонесуваат кон клима на страв, се демонизираат новинари кои критикуваат владини политики како предавници што води кон самоцензура. Владите, според него, треба да гарантираат безбедна средина за изразување на разни мислења.

„Но не само Владата, туку и невладиното општество и медиумите имаат важна улога да бараат отчетност и одговорност е и на нив и на Владата за слободата на медиуми. Земјите кои сакаат да имаат блиски односи со ЕУ мора да ги исполнат медиумските стандарди. Алтернативата е слаб процес на градење на медиуми, без демократска контрола и контрола врз корупцијата и изложување на погрешни информации. Како што се кажа во 2013 година на иста ваква конференција, предизвиците во медиумската слобода бараат долгорочен ангажман од земјите кои сакаат во ЕУ, од страна на институциите на ЕУ. Наскоро, ЕК ќе прифати годишен пакет за проширување, по што слободата на изразување и медиумите ќе има централна улога на проширување во овој мандат“, заклучил Хан./крај/мф/бс

 

Регион

Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија

Објавено пред

За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.

Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.

Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора

Објавено пред

Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.

dobivaj vesti na viber

Полициската управа  соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.

„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.

Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.

„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово

Објавено пред

Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.

dobivaj vesti na viber

Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.

Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.

Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.

„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија2 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет2 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија3 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет3 часа

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија17 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија18 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија19 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија20 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија24 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија24 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија24 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...