Регион
Хан стравува од засилување на национализмот во Србија
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во вторникот изјавил дека стравува од нови националистички изјави во врска со претседателските избори во Србија и повторил дека ратификацијата на договорот за границата со Црна Гора е услов за визната либерализација за Косово, пренесуваат српските медиуми.
Австрискиот еврокомесар додал дека во случајов Србија се плаши дека околу претседателските избори повторно ќе има силни националистички изјави, имајќи ги предвид имињата на некои од кандидатите. „Меѓутоа, верувам во проевропскиот став на Александар Вучиќ, кој европската перспектива ја потврди како стратешка цел“, изјавил Хан во интервју за виенскиот весник Стандард.
На прашањето дали постојат барања Србија да ја прилагоди својата политика кога се работи за придружувањето кон санкциите на ЕУ против Русија, Хан порачал дека Србија знае оти до пристапувањето со ЕУ ќе мора да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика. „Меѓутоа, доколку сега се врши голем притисок, тоа би било контрапродуктивно“, навел Хан.
Што се однесува до договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора, Хан повторил дека тоа е услов за Косово да добие визна либерализација, и дека досега се исполнети 93 од 95-те услови, а меѓу кои се и нерешавањето и неуспехот на ратификацијата на договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора.а
Тој укажал дека се работи за тешка ситуација и дека сега се говори за предвремени изброри, иако во Европа не постои ниедна земја каде владата има двотретинско мнозинство. „Тоа е позната игра. Кога не се напредува, се верува дека предвремените избори можат се да променат, што е погрешно. Изборите нема да ги променат структурните проблеми, нити ќе ги решат условите кои ги поставува ЕУ, тоа е можно само преку конкретна работа“, порачал Хан, критикувајќи го однесувањето на косовските власти, кои пак ја обвинуваат ЕУ поради непостигнувањето на договорот за визна либерализаци.
„Од страна на владата се тврди дека ЕУ е виновна и удри е наведен аргументот дека ЕУ така делува поради тоа што Косово е муслиманска земја. Тоа е несериозна игра на сметка на граѓаните и европската перспективана земјата. Како што рече и известувачот на Европскиот парламент за Косово, Улрика Луначек, не е дека целиот свет чека само на Косово“, рекол Хан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.