Контакт

Регион

Хартман: Трибуналот е виновен за ‘циркусот’ со Шешељ

Објавено пред

Поранешната портпаролката на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства на територијата на некогашна СФРЈ, Флоренс Хартман го обвини трибуналот во Хаг дека е виновен за „циркусот кој настана“ во случајот со обвинетиот за воени злосторства, челникот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ.

dobivaj vesti na viber

За вечерниот дневник на белградската телевизија Б92, Флоренс Хартман, по повод барањето на Хашкиот трибунал Воислав Шешељ да биде вратен во притвор од привремената слободата на којашто го пушти судот во ноември поради боледување од карцином, оцени дека судот веројатно ќе инсистира на повторно предавање на обвинетиот, нагласувајќи дека Шешељ со своето однесува Србија „ја довел во незгодна ситуација“.

„Логично беше да ја променат одлуката, но за тоа требаше да мислат порано, имајќи предвид како Шешељ се однесуваше, како и фактот дека во Србија е вратен безусловно. Сега тоа, жалосно, е сеедно“, оцени Хартман убедена дека евентуалното продолжување на судењето на Шешељ во отсуство „е малку веројатно“.

„Вообичаено е судените да бидат присутни на судењето. Не верувам дека ќе прифатат да му се суди во отсуство, бидејќи тој покажа големо непочитување на судот и рече дека нема да се враќа, како и дека ќе ги спречи властите на Србија да ја исполнат обврската“, изјави Хартман за Б92, изразувајќи убедување дека Трибуналот нема да дозволи никаква „специјална форма на судење“.

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал верува дека е неопходно на Шешељ што поскоро да му биде изречена пресудата. „Доведе до ситуација која може да предизвика немири. Несмасно е и жално што трибуналот вака се однесува, Србија треба да ја критикува ситуацијата и да го повика трибуналот што побрзо да донесе пресуда во случајот на Шешељ, кому судењето му заврши пред три години. Нема објаснување зошто пресудата не е донесена“, рече Хартман.

Според неа, судот „не ги почитува ниту жртвите“ и е „одговорен за овој циркус“. „Ова е непријатна ситуација за Србија, бидејќи тој (Шешељ) е невин сé додека не се докаже дека е виновен. Клучното прашање на кризата е да биде објавена неговата пресуда“, заклучува Хартман.

Жалбениот суд на Хашкиот трибунал побара во понеделникот од Судскиот совет итно да ја отповика одлуката за привременото ослободување на Воислав Шешељ и да наложи да биде вратен во притворското одделение на судот во Шевенинген. Челникот на српските радикали возврати дека нема доброволно да се предаде и им порача на своите поранешни сопартијци и блиски соработници, актуелниот српски премиер и претседател, Александар Вучиќ односно Томислав Николиќ, да се обидат да го уапсат.

Одлуката на Хашкиот трибунал предизвика остри реакции на српските челници. Премиерот Вучиќ, лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС), ја оцени како „неморална“ и најави дека неговата влада за неа ќе се изјасни следните неколку дена, a шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, челник на Социјалистичката партија на Србија (СПС), одлуката ја карактеризираше како „перфидна и скандалозна“, оценувајќи дека „ја загрозува стабилноста на Србија и на целиот регион“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова

Објавено пред

Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.

Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.

Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.

dobivaj vesti na viber

„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ3 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија6 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија6 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија7 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија18 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија19 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија20 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија21 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија22 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија22 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...