Регион
Хисени: Околу 300 косовари се бореа во Сирија и Ирак
Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени изјави дека во борбите во Ирак и Сирија учествувале околу 300 државијани на Косово, пренесуваат приштинските медиуми.
Хисени оваа го нагласи на тридневниот Самит во Вашингтон посветен на борбата против тероризмот. Според него, од наведената бројка учесници во џихадистичктие војни на Блискиот исток, околу 150 се притворени како учесници, но и како организатори на регрутирањето борци за боиштата наведените држави.
Министерот додаде дека Косово ќе ја продлабочува соработката со сите меѓународни фактори во борбата против тероризмот.
Државното обвинителство на Косово кон крајот на јануари подигна обвинение против пет лица поради тероризам, при што беше посочено дека обвинението е подигнато по четиринаесетмесечна истрага против осомничени, кои биле уапсени кога се обидувале да купат поголеми количества оружје и муниција.
Специјалното државно обвинителство собрало многу информации за осомничените, а меѓу другото тие се товарат и дека се одговорни и за тешки напади врз христијански мисионери во Сирија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно во јануари во Приштина ги предупреди косовските власти на веројатната опасност од враќањето на џихадистите кои се бореле во Сирија и во Ирак. Според процените на безбедносните служби, околу 150 Албанци се борат во Сирија на страна на џихадистите, каде што имаат и свои команданти. На сириското боиште, според некои процени, досега загинале најмалку 16 Албанци од Косово./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.