Регион
Хрватска дозволи Србија да го продолжи процесот за поглавјето 23
Хрватска се согласила Европската унија (ЕУ) да ги отвори преговорите со Србија за поглавјето 23, пренесуваат српските медиуми. Сепак, хрватската агенција Hina пренесува дека сé уште не е донесена и официјалната одлукуа за отворањето на ова поглавје, но таа се очекува набрзо.
Хрватска се согласила Европската унија (ЕУ) да ги отвори преговорите со Србија за поглавјето 23, пренесуваат српските медиуми. Сепак, хрватската агенција Hina пренесува дека сé уште не е донесена и официјалната одлукуа за отворањето на ова поглавје, но таа се очекува набрзо.
„Амбасадорот на Хрватска на почетокот на состанокот достави писмена согласност за отворање на поглавјето, а потоа беше постигнат договор на амбасадорите на 28-те членки да го отворат поглавјето во преговорите со Србија“, изјавил портпаролот задолжен за економски, финансиски и надворешни работи на Советот на ЕУ, Франсоа Хед по седницата на Комитетот на постојаните претставници (COREPER).
Hina пренесува дека Хрватска ја повлекла својата воздржаност под услов ЕУ во својата преговарачка позиција за поглавјето 23 да ги реши прашањата на кои Хрватска имаше забелешки.
„Советот на ЕУ ќе побара од Србија да ги прати своите преговарачки позиции на ова поглавје, а од Комисијата да почне да работи на нацрт заедничките преговарачки позиции на земјите членки на ЕУ. Дури кога земјите членки ќе го усогласат текстот и едногласно ќе ја прифатат заедничката преговарачка позиција, поглавјето може да биде отворено“, изјавиле за Hina од Советот на ЕУ.
Агенцијата дознава дека Хрватска дала согласност, бидејќи е прифатено дека во преговарачкиот процес на Србија ќе бидат додадени хрватските барања: целосна соработка на Србија со Хашкиот трибунал, целосна примена на домашните и меѓународните обврски на Србија и заштита на малцинските права, во кои спаѓаат и правата на хрватското малцинсто во Србија, како и да се избегнуваат конфликти на правосудството во процесирањето на воените злосторства.
Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека расправата на амбасадорскиот состанок по останатите точки од дневниот ред траеле подолго отколку што било предвидено, така што до консензус по повод продолжувањето на процесот за отворањето на поглавјето 23 дошло по дури 18 часа.
По воспоставената согласност за исполнетите критериуми за отворањето на поглавјето 23 се очекува Србија да биде повикана да ја достави својата преговарачка позиција за поглавјата 23 и 24, а потоа земјите членки на ЕУ повторно треба да работно ниво на Советот на ЕУ да ги усогласат заедничките позиции на Унијата во преговорите од поглавјата кои се однесуваат на владеењето на правото и фундаменталните права.
Во ЕУ очекуваат дека до формално отворање на поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори на Србија треба да дојде до крајот на јуни./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.