Контакт

Регион

HWPL во Словенија: Ефикасноста на меѓународното право и целите на Декларацијата за мир и ставање крај на војните

Објавено пред

Ефикасноста на меѓународното право и односите помеѓу балканските земји беа главните теми на дебатата која што во средата се одржа во Љубљана, во организација на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“ (HWPL) и Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES).

dobivaj vesti na viber

На дебатата беше потенцирано значењето на Декларацијата за мир и ставање крај на војните (DPCW), изработена од страна на Меѓународниот правен комитет во рамките на HWPL, односно влијанието на овој документ во помирувањето на балканските земји и нации. Говорниците на дебатата, меѓу кои беа и поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и поранешниот претседател на словенечкиот Уставен суд Ернест Петрич, се осврнаа на тоа зошто во глобални рамки се уште не е постигнат мир врз основа на меѓународното право и како може Декларацијата за мир да влијае врз помирувањето на балканските земји. Присутните  исто така се осврнаа и на тоа како мировните аспирации можат да им помогнат на балканските земји на нивниот пат кон членството  во Европската унија (ЕУ).

„Нема помирување во овие односи, во вербално искажаните желби за да се подобрат односите, сметам дека нема доволно искреност за да може да се надминат условите кои преовладуваат за време на војните. Поради тоа, Декларацијата за мир и ставање крај на војните може само да помогне и да не охрабри сите од нас, заедно како и индивидуално да направиме чекори во вистинската насока“, рече поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.

„Нам ни е потребна искрена желба за мир и отвореност кон другите, кон оние кои што се поинакви од нас, без дискриминација кон кој и да е, врз каква и да е основа. Мораме да постигнеме хармонија во нашите односи“, додаде Месиќ.

Мировните активности на HWPL, пак, продолжуваат во вторник во Македонија, каде ќе биде одржан првиот мировен форум на организација. Предвидено е на него да има повеќе говорници, меѓу кои и правни експерти, религиски лидери и преставници на македонскиот Мировен комитет, кои ќе го потенцираат значењето на Декларацијата за мир и ставање крај на војните, документот кој досега во светски рамки собра  над половина милион потписи.

Минатиот месец, односно на 26-ти мај, повеќе од 300 млади во Јужна Кореја и ширум светот ја одбележаа третата годишнина од Декларацијата за светски мир, првичниот документ кој подоцна настана и DCPW, подготвен од HWPL и претседателот на оваа организација, светски  познатиот хуманист Ман Хи Ли. Хуманитарниот аспект на оваа мировна организација беше потенциран и преку собраните повеќе од 43 илјади долари помош за жртвите од земјотресот во Еквардор, во кој загинаа повеќе од 600 а беа повредени преку 27 илјади лица./крај/мф/бс

 

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Објавено пред

Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.

Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.

„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.

Сослушувањата на сведоците се во тек.

Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство

Објавено пред

Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.

dobivaj vesti na viber

„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.

„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.

Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавено пред

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.

ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија3 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија3 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија3 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија4 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија6 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет8 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет8 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија18 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ24 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...