Регион
Илјадници Унгарци протестираа против данокот за интернет
Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок за сообраќај на податоци на интернет, којшто, според нив, не само што дополнително ќе го преоптовари нивниот буџет, туку и ќе ги ограничи демократските права и слободи.
Владата на премиерот Виктор Орбан, кого многумина го обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави планот за новиот данок. Нацрт законот предвидува интернет провајдерите да плаќаат данок од 150 форинти за гигабајт интернет сообраќај.Собирот во неделата го организираше група на Фејсбук којашто има повеќе од 210 илјади приврзаници. Демонстрантите, за коишто некои локални интернет страници јавија дека имало повеќе од десет илјади, се собрале пред министерството за економија. „Тој данок следи по бранот на противдемократски мерки на Орбан коишто Унгарија ја оддалечуваат од Европа“ вели во соопштението организаторот на собирот наречен „100.000 против интернет данокот“.„Оваа мерка ќе го наруши правото за пристап на интернет, ќе го продлабочи дигиталниот јаз меѓу економски силниот и слабиот слој на унгарското општество и ќе го ограничи пристапот до интернет на сиромашните училишта и универзитети“, додаваат оранизаторите.Во еден момент демонстрантите ги дигнале мобилните телефони и го осветлиле плоштадот пред министерството, а потоа оделе до Плоштадот на хероите во Будимпешта. Некои од нив заминале пред седиштето на партијата на Орбан и фрлале со стари делови од компјутери по зградата, при што скршени се некои прозорци.Организаторите и дадоа 48 часа рок на владата да го повлече спорниот закон и се заканија со нови протести во вторник.Партијата на Орбан во соопштение во неделата објави дека во понеделник во парламентот ќе поднесат амандман на тој закон и ќе го одредат максималниот износ којшто би го плаќале поединци. Според тоа соопштение, месечниот износ би бил ограничен на 700 форинти, интернет провајдерите би го плаќале данокот. Некои демонстранти велат дека новиот данок би бил олицетворение на погрешната владина економска политика. „Тоа за нас би бил двоен данок бидејќи јас веќе сум платил доста висок ДДВ кога сум ги купил компјутерот, рутерот.“ вели еден од демонстрантите./крај/хина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.