Регион
Истанбул: Експлозија и истрели во судот во кој заложник е обвинител
Експлозија и истрели се слушаат од зградата на Палатата на правдата во Истанбул, во којашто претходно во вторникот двајца вооружени припадници на Револуционерниот фронт за народно ослободува (DHKP-C) во заложништво го земаа обвинителот Мехмет Селим Кираз, објавија медиумите.
Во зградата на обвинителството се слушнале неколку истрели, по што турските специјалци извршиле упад во зградата. Наскоро се слушнала и експлозија. Операцијата за ослободување на обвинителот продолжува, јавува интернет изданието на весникот Cumhirriuyet.
Телевизијата Haberturk, пак објави дека се слушнале две експлозии, но откако вечерта започнала операцијата за ослободување на заложникот, па се претпоставува дека станува збор за шок гранати и стотина истрели. Шестиот кат од објектот, на кој бил држен обвинителот Кираз, претходно бил целосно евакуиран, а на околните објекти поставени снајперисти.
Во Турција на сила уште е привремената забрана за трансфер на видео материјали, вклучително и директни телевизиски вклучувања, во врска со инциденти со заложници.
Обвинителот кој беше земен во заложништво ја води истрагата за смртта на 15-годишниот Беркин Елван, кој почина по 269 денови кома во којашто падна откако го погоди патрон за солзавец во текот на антивладините протести на паркот Гези во летото 2013 година, а почина на 11-ти март 2014 година. Момчето не учествувало во протестите, туку отишло да купи леб.
DHKP-C на својата интернет страница објави дека сака полицаецот кого го сметаат за одговорен за убиството да го признае злосторството пред телевизиски камери, на сите вмешани полицајци да им биде судено на „народните судови“ и да се отфрлат обвиненијата против оние кои учествуваа на протестите по повод смртта на Елван./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.