Регион
Италија очекува Црна Гора да стане членка на НАТО до крајот на 2015 година
Италијанската министерка за одбрана, Роберта Пиноти смета дека реално е Црна Гора да стане членка на НАТО до крајот на 2015 година, нагласувајќи дека целта на интензивираниот дијалог со Подгорица е забрзување на процесот на пристапување кон Алијансата.
Италијанската министерка за одбрана, Роберта Пиноти смета дека реално е Црна Гора да стане членка на НАТО до крајот на 2015 година, нагласувајќи дека целта на интензивираниот дијалог со Подгорица е забрзување на процесот на пристапување кон Алијансата.
Според Пиноти, одлуката за поканата била одложена за на Црна Гора да и се овозможи шанса за продолжување со реформите кои не биле блиски до воената димензија, како што е тоа случај со владеењето на правото.
„Министрите на земјите членки на НАТО ќе го оценат напредокот на Црна Гора најдоцна до крајот на 2015 година. Не само што сметам дека постојат претпоставки, туку дека оваа цел е реална“, изјавила Пиноти за црногорските медиуми.
Италијанската министерка додала дека Алијансата на самитот во Кардиф го препознала напредокот на Црна Гора, истовремено додавајќи дека НАТО ја поттикнува Црна Гора да надмине одредени слабости, меѓу кои се и реформите во безбедносниот сектор.
„Понатаму, свесна сум за фактите дека црногорскиот Стратегиски преглед на одбраната ќе поттикне квалитативни и оперативни стандарди, кои ќе придонесат за членството во НАТО“, заклучила Пиноти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.