Регион
Jutarnji: Нов план на ЕУ, итна депортација на неуспешните азиланти од Србија и Албанија
Државите на Европската унија (ЕУ) можат да бидат делотворни во депортацијата на барателите на азил на кои тој нема да им биде одобрен, а оваа порака треба да послужи како обесхрабрување за оние што ќе се обидат да влезат во ЕУ, пишува хрватскиот весник Jutarnji list, додавајќи дека ова била една од главните одлуки на состанокот на министрите за внатрешни работи на Унијата во Луксембург, каде биле усвоени мерки и акциски план околу „политиката на враќањето на неуспешните азиланти“.
„Советот потврдува дека политиката во врска со враќањето на оние државјани на трети земји, кои незаконско претстојуваат на територијата на ЕУ е кохерентна, веродостојна и делотворна, ги почитува човековите права и достоинството на тие луѓе, што е клучен дел од сеопфатната миграциска политика“, се вели во заклучоците од состанокот.
Во расправата за бегалската криза често се слушале и критики дека многу бегалци се обидуваат да дојдат во ЕУ, иако се знае дека многу од нив всушност се економски мигранти. Германија најавила дека преку забрзана процедура ќе ги враќа оние кои немаат основа за барање за азил, односно доаѓаат од земји каде нема опасност по нивниот живот, за разлика од припадниците на одредени заедници.
Европската комисија меѓутоа предупредила дека многу држави членки слабо ги спроведуваат одлуките за напуштање на територијата кои им се издадени на оние чие барање за азил било одбиено. Наводно бројката на таквите минатата година била пола милион, но само во 40 отсто од случаите била испочитувана спроведената одлука за напуштање на територијата или депортација. Тоа им овозможило на многумина да останат илегално или да бараат азил во некоја друга држава членка на ЕУ.
Засега најмногу шанси за добивање на азил имаат државјаните на Сирија, Еритреја и Ирак. Останатите чекаат брзо решавање на барањата за азил, а во повеќето случаи и депортација. Ова најчесто е случај со државјаните на Србија, Косово и Албанија, бидејќи овие држави се во списокот на „сигурни земји на потекло“, наведува Jutarnji list.
Државите кои нема да ги прифатат неуспешните баратели на азил ќе ја изгубат финансиската помош на ЕУ, а оние кои имаат визна либерализација, пак, ризикуваат враќање на визниот режим./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.