Регион
Карамарко: Најдобро е јас, Орешковиќ и Петров да си одиме од власт
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, изјави дека одлуката за отповикувањето на премиерот Тихомир Орешковиќ била одлука којашто требало да предизвика шок во јавноста, и додава дека тој е подготвен да си оди од власта, но тоа да го направат и Орешковиќ и лидерот на Мост, Божо Петров, пренесуваат хрватските медиуми.
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, изјави дека одлуката за отповикувањето на премиерот Тихомир Орешковиќ била одлука којашто требало да предизвика шок во јавноста, и додава дека тој е подготвен да си оди од власта, но тоа да го направат и Орешковиќ и лидерот на Мост, Божо Петров, пренесуваат хрватските медиуми.
„Би било добро да си одиме јас, Орешковиќ и Петров“, рекол Карамарко и додал дека ХДЗ тогаш ќе предложи нов мандатар. „Ние ќе направиме сé што треба за да излеземе од проблемите. Најдобро би било врвот на владата да се освежи и да се започнат нови чекори“, рекол лидерот на ХДЗ, пренесува Hina.
На прашањето дали е можно да се откаже од барањето за отповикување на премиерот, тој нагласил дека ХДЗ сакал оваа одлука да предизвика шок и да порача дека е „доста од вакво работење и вакви односи“.
„Вчера изјавив дека го повикувам сите вжештени глави да се оладат. Мораме да работиме. Економските трендови се добри, сé ни оди во прилог, освен тие односи кои дефинитивно не се добро“, рекол ХДЗ.
Што се однесува до изборот на мандатар, тој рекол дека смета оти партијата која има највеќе мандати во Саборот има право да предложи премиер. Запрашан околу тоа дали постои можност Орешковиќ да остане, а од власта да си одат тој и Петров, Карамарко изјавил дека тоа ќе биде тешко.
„Тешко да се каже, не знам какви промени треба да се случат во следните денови. Доколку се договориме, остануваат сите опции. Основата на сите основи е да се почне различно да се работи. Секогаш зборуваме за реформите. ХДЗ треба да се почитува како релативен победник на изборите, и не може да служи како носечка структура на некој кој би извршувал должност“, додал Карамарко./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.