Регион
Кодели: Морските граници на Албанија никој не може да ги повреди
Албанската министерка за одбрана Мими Кодели изјави дека морските граници на Албанија никој не може да ги повреди.
Таа за време на свеченоста на наименувањето на новиот командант на албанските поморски сили Илбер Дожани додаде дека Албанија е подготвена целосно да ги одбрани своите граници, а во тој контекст и своите морски граници.
Кодели притоа додаде дека ,,Сините граници на Албанија не недопирливи, онака како што е недопирлива територијата на Албанија. Албанија е членка на НАТО и како таква е член на колективната одбрана, што претставува и гаранција за целосна заштита на границите на државата.
Албанија повеќе години има проблеми со морските граници со Грција. Спогодбата за водените граници на Тирана и Атина беше стопирана од страна на судските институции во земјата. Високи дипломати на Албанија и Грција подолг период преговараат за надминување на проблемите со морската граница на двете земји, за што официјална Тирана вели дека мора да се почитуваат меѓународните конвенции, а Грција, пак, инсистира многу скоро да започне истражувачка мисија за откривање на нафта во Јадранското и Јонското море, но на територија која за Тирана е спорна. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.