Регион
Колинда Грабар Китаровиќ побара објаснување од странските амбасадори за недипломатските изјави на Твитер
Сите странски амбасадори акредитирани во Хрватска, по нивниот неодамнешен јавен настап кога разговарале за медиумските слободи, се повикани на Пантовчак, во Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
И додека од Пантовчак порачуваат дека амбасадорите доаѓаат на редовен брифинг со советникот за надворешна политика, некои од нив се надеваат дека ќе разговараат со претседателката.Една од темите на разговорите, освен слободата на медиумите, ќе биде и официјалната комеморација во Јасеновац.Хрватските новинари и публицисти во вторник ги оценија како непримерни неформалните, но медиумски многу експонирани Твитер коментари на некои амбасадори во Хрватска заради наводно загрозување на медиумските слободи, сметајќи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на суверена држава.„Хрватска е демократска држава и членка на ЕУ и ги има сите права што произлегуваат од тој статус. Затоа ваквите истапи не можат да се протолкуваат поинаку, освен како мешање во внатрешните работи на една суверена држава“, велат Хрватските новинари и публицисти.Тие уште додаваат дека ваквата Твитер ‘дипломатија’ може да се протолкува и како облика на неформален политички притисок од надвор врз хрватската законодавна и извршна власт.Хрватските новинари и публицисти тврдат дека во тоа злонамерно толкување на хрватската стварност, предничи политички и идеолошки пристрасниот дел на невладините организации кои веќе три месеца спроведуваат интензивна меѓународна кампања на срамотење на министерот за култура, Владата и самата Република Хрватска, а заради наводен „фашизам“.Мотивацијата за таквиот ангажман, Хрватските новинари и публицисти ја припишуваат на „обидот за одржување на високи материјални привилегии и општо општествено влијание што го ужива токму тој дел на невладини здруженија кои ја клеветат државата во странство“. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.