Регион
Корупцијата останува главен проблем за Србија во патот кон ЕУ
Српската влада не поминала добро во анализата на Европската комисија (ЕК) за состојбите во областите на правдата, слободите и основните човекови права, односно скринингот за поглавјата 23 и 24, пишуваат српските медиуми.
Српската влада не поминала добро во анализата на Европската комисија (ЕК) за состојбите во областите на правдата, слободите и основните човекови права, односно скринингот за поглавјата 23 и 24, пишуваат српските медиуми.
Областа која најмногу била критикувана е борбата против корупцијата, бидејќи „корупцијата во Србија преовладува во многу области во општеството и продолжува да биде причина за загриженост“
Препораката на Европската комисија била дека борбата против корупцијата мора да стане приоритет за Србија и дека државата мора да прошири политичката и институционалната борба против корупцијата, како и да обезбедат систематско разгледување на препораката на Советот за борба против корупцијата, но и правно да се усогласат со ЕУ и конвенцијата на ОН за борбата против корупцијата.
ЕК исто така побарала од српската влада да обезбеди целосна примена на Законот за контрола на финансирањето на политичките партии и предизборните кампања, вклучувајќи и „ефикасни казни“ во случаите кога не се поднесуваат извештаи, како и да се подобро законодавната и административната рамка за превенција на судирите на интереси.
Од српската влада исто така се бара и деполитизација на државната администрација, поголема транспарентност во нејзиното работење и интегритет преку внатрешни контрола и тела за ревизии, но да се донесе и нов закон за „доушниците“, односно за лицата кои пријавуваат корупција во државата администрација и да се преземат сите „неопходни мерки“ за нивна заштита./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.