Регион
Косово ќе ја тужи Србија за геноцид и ќе бара репарација
Косово од Србија ќе бара „воена отштета“ врз основа на тужбата за геноцид сторен во текот на војната од 1998/1999 година, изјави косовскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Хашим Тачи во интервју за турската новинска агенција Anadolu, објавено во саботата.
Србија, инаку, не ја признава независноста на својата поранешна јужна автономна покраина Косово и Метохија еднострано прогласена во 2008 година од албанските власти во Приштина со поддршка на САД и водечките земји од ЕУ повеќепати во минатото предупредуваше дека ваквите чекори што косовските власти ги преземаат ќе ги загрозат преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите кои се водат под покровителство на Брисел.
„Дискутираме и работиме на тоа“, на тужбата за геноцид, изјави Хашим Тачи. Според него, Косово ќе се обрати пред Меѓународниот суд на прaвдата (ICJ) по процената на „внатрешните и меѓународните околности“, но не може да го одреди точниот датум на подигнувањето на тужбата.
Дека Приштина во скоро време ќе го отвори прашањето за геноцид и воена отштета од Србија најави на почетокот од февруари и заменикот за надворешни работи Петрит Сељми, кој рече дека „огромната документација на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија докажува дека надвор од секое сомневање е оти српската држава е договорна за милијарди евра штети нанесени на цивилната сопственост и за губењето на животите“.
Косово ја обвинува Србија дека во текот на војната 1998/1999 година сторила геноцид. Се проценува дека безбедносни сили на тогашната СР Југославија убиле повеќе од десет илјади косовски Албанци. Во моментов како исчезнати се водат 1.700 Албанци.
Под притисокот на речиси тримесечното бомбардирање од страна на НАТО, тогашниот српски водач Слободан Милошевиќ ги повлече силите од Косово во јуни 999 година.
Иако Меѓународниот суд на правдата на 3-ти февруари по меѓусебните тужби на Хрватска и Србија за геноцид донесен пресуда дека ниедна од двете земји не сторила геноцид во текот на војните водени на територијата на поранешна СФРЈ во текот на 1990-те, политичарите во Приштина не се откажуваат да ја тужат Србија.
„Србија неоспорно извршила геноцид на Косово. Имаме докази, поседуваме сведоштва и целиот свет тоа го знае. Меѓутоа, бидејќи Косово сé уште не е дел од Обединетите нации, се обидуваме да најдеме правни основи за да ја подигнеме тужбата против Србија за геноцид и тоа да го докажеме пред меѓународниот правосуден систем“, изјави Хашим Тачи кој во 1999 година беше политички челник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), која беше помогната од западните земји, во прв ред од САД.
Тачи притоа потсетува дека „повеќето најмоќни држави во светот“ веќе го признаа Косово, како и дека во „блиска иднина се очекуваат и другите признавање“ на државноста. Порача и дека на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година ќе учествува со своја химна и симболи, откако беше примено во Меѓународниот олимписки комитет, на што Србија силно се спротиставуваше.
Доколку се оствари најавата на Тачи, Косово по Босна и Херцеговина и Хрватска ќе биде третата земја којашто ја обвинува Србија за геноцид. Во случајот на тужбата на БиХ против Србија за геноцид , Судот во 2007 година утврди дека во Сребреница есента 1995 година со ликвидацијата на околу осум илјади Бошњаци е извршен геноцид, но не ја утврди одговорноста на Белград за учество во геноцид, туку за пропусти во неговото спречување и казнување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.