Регион
Косовскиот парламент го одобри судот за воени злосторства
Косовскиот парламент ја донесе во понеделникот одлуката за измени на уставот и формирање суд за воени злосторства, на којшто би требало да им се суди на поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК) за сторени воени злосторства, вклучително и за честопати во минатото споменуваното тргување со органи.
Одлуката е донесена речиси еден месец по првиот обид на пратениците да го основаат судот кој многу косовски Албанци го сметаат за „обид да се извалка востанието“ против српските власти во војната 1998/1999 година.
По сугестиите од Западот, сегашната косовска влада со месеци се обидуваше да го наговори парламентот да го дополни уставот и да овозможи формирање суд со седиште во Холандија, бидејќи меѓународната заедница стравува од притисоци и ликвидации на евентуалните сведоци, како што во минатото имаше случаи, како и од корупцијата во правосудните косовски власти.
Уставните промени се изгласани со 82 гласови „за“ во парламентот кој има 120 пратеници.
„Утврдувањето на вистината за обвинувањата за време и по војната, се предизвикот со кој мораме да се соочиме“, изјави пред гласањето косовскиот премиер Иса Мустафа.
Поранешниот премиер и воен командант на ОВК, Рамуш Харадинај, беше меѓу патениците кои се спротиставуваа на формирањето на овој суд. „Со основањето на овој суд самите себе се претвораме во ѕверови. Ние во војната не бевме ѕверови, туку жртви“, рече сега опозиционерот Харадинај.
Сега расформираната Ослободителна војска на Косово, некогаш поддржувана од западните сили и чии челници сега се косовската политичка елита, последните години е обвинувана дека ги убивала српските цивили кои ги држела во заточништво, дека вадела органи од живи луѓе кои ги продавала на црниот пазар, како и дека убивала Албанци кои ги сметала за соработници на српските власти.
Главните дипломатски и финансиски спонзори на Косово, САД и Европската унија, силно лобираа за соочување со обвинувањата за воени злосторства. Вашингтон и Брисел, кои го поддржаа во 2008 година Косово еднострано да прогласи независност, претходно ја предупредија Приштина дека несогласувањето да се формира судот ќе создаде опасност тоа прашање да го земе во свои раце Советот за безбедност при ОН, што би значело дека во тоа прашање ќе бидат директно вклучени и традиционалните српски сојузници, во прв ред Русија, а потоа и Кина. Москва не ја признава косовската независност, и ќе ѝ биде добредојдено да го изедначи статусот на Косово, со оној на самопрогласените и меѓународно непризнаени проруски енклави./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.