Регион
Косовскиот Парламент ќе расправа за Договорот за демаркација на границата со Црна Гора
Пратениците на косовскиот Парламент би требало во четврток да расправаат за Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Договорот за демаркација со Косово, на чија ратификација се противи косовската опозиција, е потпишан во август минатата година во Виена.За негово усвојување во косовскиот парламент е потребно двотретинско мнозинство.Овој Договор е исклучително важен за Приштина, бидејќи од неговата ратификација зависи кога Косово ќе ја добие визната либерализација.Ратификацијата на Договорот требаше да се случи на 11 август, но беше одложена бидејќи во Парламентот беше фрлен солзавец.Дел од опозицијата која се противи на договорот, најави протести. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Бугарија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.
🔔#Earthquake (#земетресение) M3.8 occurred 6 km SW of #Devin (#Bulgaria) 4 min ago (local time 08:38:05). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/MSdvNiasPN
🖥https://t.co/ycq6JSIzuY pic.twitter.com/jACmTRndoJ— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Забележан е во 8:09 часот по локално време.
Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка, родителите во фокусот на полицијата
Четврти ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во приградската населба Бањско Поле, во близина на градот Бор, во Србија. Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а на мајката и бил одземен мобилниот телефон.
Полицијата завчера околу 17:30 часот го прекина претресот на теренот.
„Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.
Родителите на Данка вчера цел ден биле во полиција на распит. Полицијата ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаа. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.
Синоќа се појави вест дека тројца мажи се уапсени во Босна и Херцеговина. Според медиумите, тие на Тикток објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и барале пари во замена за оваа информација. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека еден од нив рекол дека Данка е во неговиот подрум. Како што се дознава, тие на распитот рекле дека само се шегувале.
Зошто полицијата е фокусирана на родителите?
Јавноста беше заинтригирана од фактот што полицијата толку многу се фокусираше на сослушувањето на родителите на Данка. Така Милош и Ивана Илиќ, родителите на Данка, вчера речиси цел ден и ноќ го поминаа во полициска станица на информативен разговор.
„Првиот дел од потрагата покажа дека немало ад хок исчезнување на девојчето. Вториот дел од потрагата сега е фокусиран и е многу посериозен во однос на собирање податоци за тоа кој би можел да биде мотивот зад исчезнувањето“, рече за српски Блиц, Братислав Тимотијевиќ, пензиониран инспектор на криминалистичката полиција во Ниш.
Затоа полицијата сега детално ги проверува сите околности на пријавата на мајката за исчезнувањето на Данка, се што се случило помеѓу времето на исчезнувањето на Данка Илиќ и доаѓањето на првите полициски патроли, како и сето она што тие патроли пронашле при пристигнувањето во Бањско поле.
Познавачите напоменуваат дека тоа што полицијата ја проверува изјавата на мајката, дека нејзиниот мобилен е испратен на анализа и дека таа и нејзиниот сопруг двапати биле интервјуирани во полиција, не значи дека некој од нив или некој во потесното семејството е осомничен или обвинето за било што. Деталните проверки на членовите на потесното семејство се вообичаени во такви случаи и може да доведат до постоење на поединечни лица.
„Мора уште еднаш да се провери сè за да се увериме дека навистина нема траги дека девојчето некаде исчезнало и дека е веројатно во тој дел. Сите прашања се отворени, сите можности се во фокусот, секој детал мора да се истражи. Ништо не може да се остави настрана или лесно да се прифати“, вели Тимотијевиќ.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.