Регион
Лековите од екстракт од марихуана од јануари во аптеките во Словенија
Уште во јануари следната година во словенечките патеки ќе може легално да се набават канабиноиди, хемиски препарати кој содржат екстракт од марихуана, а кои досега без забранети во Словенија.
Уште во јануари следната година во словенечките патеки ќе може легално да се набават канабиноиди, хемиски препарати кој содржат екстракт од марихуана, а кои досега без забранети во Словенија.
Таканаречената Д дозвола за увоз на тетрахидроканабиноидите (THC) ја добила компанијата „Lenis“ којашто се занимава со увоз на нерегистрирани лекови во Словенија, а осигурила набавка од Германија, пишуваат во средата словенечките медиуми.
Од јануари лековите направени од овие супстанции ќе може да се добијат во аптеките, но оние на коишто таквите препарати им ги олеснуваат симптомите на некои тешки болести, ќе мора да ги плаќаат.
Владата на поранешната премиерка Аленка Братушек кон срединава на годинава издаде нова уредба за листата на забранети дроги од којашто беше изоставен THC, и беше вброен во дрогите чиј промет и користење се дозволени во медицината, ветерината и за педагошки и научно-истражувачки намени.
Со промената на уредбата е овозможено и легално купување на досега забранетите препарати кои содржат екстракт од индискиот коноп, во прв ред маслата од хашиш, кои досега во Словенија можеа да се набават само на илегалниот пазар.
Лековите од екстрактот на конопот во моментов во Словенија се уште не се регистрирани и ќе бидат подготвувани во самите аптеки и како ткн магистрални лекови, а увозникот на канабиноидите тврди дека ќе бидат поевтини од сличните препарати кои може да се добија во аптеките во соседна Австрија./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.