Регион
Лидерот на ХДЗ Пленковиќ го доби мандатот за состав на новата хрватска влада
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во понеделникот му го додели мандатот за составување на нова влада на претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Грабар Китаровиќ изјавила дека разговарала со Пленковиќ откако и претставил 91 пратенички потпис, со што докажал дека ја ужива довербата на мнозинството и го добил мандатот за составувањето на новата 14-та хрватска влада.
Пленковиќ изјавил дека „мандатот е голема чест, одговорност и обврска во што пократок рок да пристапи кон формирање на владата, чиј приоритет ќе бидат иднината, економијата, новите работни места и демографската обнова“.
Лидерот на ХДЗ ги претставил добиените пратенички потписи откако неговата партија постигна договор за составување на нова влада со граѓанската листа Мост, како и со добиената поддршка од националните малцинства и уште неколку партии.
Според Уставот на Хрватска, мандатот за состав на владата, претседателот му го доверува на лицето кое врз основа на распределбата на пратеничката места во хрватскиот Сабор ужива доверба од мнозинството избрани пратеници, а во хрватскиот парламент има 151 пратник.
Пленковиќ е сега должен во рок од 30 дена да ја претстави програмата на владата и нејзините членови пред хрватскиот Сабор и да побара гласање на доверба. Конститутивната седница на 9-тиот состав на хрватскиот Сабор ќе биде одржана во петок, 14-ти октомври./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.
Регион
За европските избори во Хрватска беа пријавени 25 листи, осум помалку од 2019 година
Државната изборна комисија (ДИК) до крајниот рок доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година.
Во недела на 9 јуни ќе се одржат избори за Европскиот парламент во Хрватска, а ќе се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.
Со поднесување на списокот и официјално започнува изборната кампања која ќе трае до 7 јуни кога ќе започне изборниот молк.
Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.