Контакт

Регион

Масовно труење со гас во училиште во Србија

Објавено пред

Десет деца се примени во болница, откако се онесветиле на училишен час во фискултурната сала во основно училиште во местото Шајкаш, кај Тител.

dobivaj vesti na viber

Што е точната причина за губењето на свест кај учениците сè уште не е познато, иако првичните информации беа дека дошло до протекување на гас.Децата се пренесени во детската болница при Клиничкиот центар во Нови Сад и според информациите од таму не се во животна опасност. „Се работи за 17 деца кои пријавиле тегоби. Останатите ученици од VII-2 одделение превентивно ќе бидат прегледани во Домот за здравје. Сè уште трае увидот, а во училиштето освен припадниците на полицијата се наоѓаат и просветни инспектори, како и просветни советници од училишната управа во Нови Сад“, соопштиле од Министерството за образование.Според последните информации, десет деца се примени во болницата од кои осум се задржани на понатамошно лекување. Едно од децата е на полу интензивна нега.Од болницата изјавиле дека се работи за „инхалаторна интоксикација“, што значи дека на децата им се слошило од нешто што вдишале. Но лекарите не знаат за кој гас станува збор, а се сомневаат на јаглерод моноксид./крај/мф

Извор: Blic



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага. .

Прикажи повеќе...

Регион

Мајката на убиецот на Данка пристигна во Обвинителство

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е главен осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, пристигна во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде ќе биде сослушана.

dobivaj vesti na viber

„Според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, притворот на осомничените им истекува на 3 мај. Тие ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, веднаш штом ќе се исполнат условите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Адвокатот на Драгијевиќ  најави дека  ќе има разговор со Радослав Драгијевиќ, кој е во притвор бидејќи е осомничен дека му помагал на синот Дејан да го отстрани телото на Данка Илиќ.

Таткото и братот на Дејан Драгијевиќ се уапсени под сомнение дека помагале во делото.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес ја погоди Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на Крит на длабочина од 106 километри.

Со оглед на тоа дека станува збор за земјотрес со помал интензитет, се претпоставува дека нема жртви и материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија24 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...