Регион
Медиуми: Хрватскиот премиер Орешковиќ подготвен да поднесе оставка
Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ би можел наскоро да поднесе оставка, јавуваат хрватските медиуми.
Веста околу подготвеноста на Орешковиќ да поднесе оставка најпрво беше објавена од порталот Direktno.hr, кој важи за близок до владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), повикувајќи се на „добро информирани медиумски кругови“.
Наводно Орешковиќ планира во наредните 24 часа да одржи драматичен говор, а би можел да поднесе и неотповиклива оставка поради актуелната политичка криза, наведува порталот.
Од владата негирале дека тој наскоро планира да одржи прес-конференција, а на поставените прашања околу оставката не дале одговор, пренесува N1.
Пишувањата за можната оставка на Орешковиќ дојдоа откако во четвртокот беше одложена редовната седница на владата, што поттикна дополнителни претпоставки околу продлабочувањто на кризата на владата на десниот центар, раздрмана со аферата „Консултант“.
Владејачката коалиција на десниот центар, составена од ХДЗ и Независната листа Мост се најде во голема криза откако во медиумите беше откриена аферата „Консултант“, односно поврзаноста на компанијата на сопругата на хрватскиот вицепремиер и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко, со консултантот на унгарската компанија МОЛ, Јосип Петровиќ.
Опозицијата во Саборот покрена постапка за отповикување на Карамарко, бидејќи сметаат дека се работи за негова политичка одговорност, а иницијативата беше одржана и од Мост, без чија поддршка во Саборот владејачката коалиција нема мнозинството./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.