Регион
Медиуми: Путин летово ќе ја посети Словенија
„Руската капела“ во Словенија на планинскиот превој Вршич минатата година ја посети рускиот премиер Дмитриј Медведев, а оваа година по повод 100-годишнината од нејзиното подигнување може да се очекува да дојде рускиот претседател Владимир Путин, тврдат словенечките медиуми.
Според написите, словенечкиот претседател Борут Пахор се решил да му упати неофицијална покана на рускиот колега Владимир Путин на симболичното место на руско-словенечкото пријателство, капелата подигната во чест на свети Владимир во 1916 година на планинскиот премин Вршич во западна Словенија направена од руските воени заробеници кои на тоа место граделе пат кога голем број од нив биле затрупани од лавина.
Се очекува дека Пахор, оваа засега непотврдена информација, да ја разјасни следната седмица.
Медиумите потсетуваат дека станува збор за многу чувствително прашање, имајќи предвид дека рускиот премиер Дмитриј Медведев, ланската посета на Словенија ја искористи за да упати остри критики кон Европската унија поради наметнатите санкции кон Русија.
На надворешно политичките димензии од упатување на неофицијалната покана на Пахор за Путин, наводно на Минхенската безбедносна конференција неодамна предупредила помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд, а мариборскиот дневен весник Večer пишува дека Американците стравуваат од „пробивањето“ на меѓународните санкции и политиката на изолација на Путин која е наметната токму со волјата на Вашингтон поради неговата политика во однос на конфликтите во Украина и во Сирија.
Вашингтон, наводно, потегот на Љубљана кон Москва го смета за оддалечување на ЕУ од американската стратегија на изолација на Русија, бидејќи посетите на руските функционери ова лето предвидуваат и некои други држави како Австрија и Финска, истакнуваат словенечките медиуми.
Некои словенечки портали во неделата тврдат дека, доколку посетата на Путин на Словенија навистина се оствари кон крајот на јули, би било можно да се очекува и негово кусо престојување во Љубљана, каде би им искажал почест на војниците на Црвената армија кои загинале на словенечка почва во текот на Втората светска војна,, пред споменикот кон неодамна е подигнат на љубљанските гробишта Жале.
Медимумите, исто така, пишуваат и дека целата комеморација на патот за Вршич, стратешки важен во Првата свеска војна поради близината на фронтот на реката Соча, би можела да има и екуменски карактер, имајќи ја предвид неодамнешната историска срдечна средба во Хавана на папата Франциск и московскиот патријарх Кирил./крај/мф/сн
Извор: STA/Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.