Регион
Меркел: Целиот регион може да профитира од решавањето на проблемите во БиХ
Проблемите во Босна и Херцеговина (БиХ) се многу сложени но сигурна сум дека со решавањето на тие проблеми ќе профитира целиот регион, изјавила во четвртокот германската канцеларка Ангела Меркел, која престојува во официјална посета на БиХ.
Меркел додаде дека билатералните односи меѓу Германија и БиХ се добри, но дека потребно е и дополнително подобрување. Германската канцеларка оценила дека БиХ има шанса за европска перспектива, но под услов нејзините политичари сериозно да ја сфатат шансата која им е дадена од страна на Европската унија (ЕУ).
Меркел порачала дека европскиот проект денес е доста важен, без оглед на кризата со која е соочен.
„Европската перспектива е доста битна, ЕУ настана од застрашувачките искуства од Втората светска војна и со тие чувства доаѓаме и тука во регионот, за да нема повеќе стравувања од војни“, рече германската канцеларка.
Меркел, исто така, порача дека во БиХ доаѓа во време кога се одбележуваат 20 години од геноцидот во Сребреница.
„Овде сум со задача таквите работи веќе да не се повторат и да имаме мир каков што во Европа имаме последните 70 години. Франција и Германија сега се пријателски земји, а војуваа 100 години. Сигурна сум дека и тука може да дојде до слично помирувања“, рекла Меркел.
Претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, пак, ги пофали билатералните односи меѓу двете земји и се заблагодари на Германија на помошта во последните 20 години, како на економски, така и на безбедносен и трговски план. Тој додал дека се надева оти БиХ до крајот на 2016-та или, пак, почетокот на 2017-та година ќе ја поднесе апликацијата за членство во ЕУ, со што би го достигнале напредокот на останатите земји од регионот, и дека освен патот кон ЕУ, за БиХ нема друга опција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.