Регион
Меркел му честиташе на Давутоглу, САД загрижени за медиумите
Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонскиот разговор во понеделникот му ја честитала изборната победа на турскиот премиер Ахмет Давутоглу и го повикала на итно заедничко дејствување во врска со мигрантската криза, додека Белата куќа изразила „длабока загриженост“ поради изложеноста на притисоци медиумите и новинарите во текот на кампањата.
Исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP) чиј формален челник е премиерот Ахмет Давутоглу, но вистински лидер е претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој е и нејзин основач, и покрај резултатите од анкетите во неделата на вонредните парламентарни избори успеа да оствари уверлива победа и да го врати апсолутното мнозинството во парламентот, коешто првпат до 2002 година го загуби на изборите на 7-ми јуни. Според коментаторите, ваквиот исход од неделните избори дополнително ја зацврстуваат позицијата на претседателот Ердоган, кому западните сојузници често му префрлуваат за автократски стил на владеење. Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка, за новинарите изјави дека Ангела Меркел го поздравила фактот дека изборите минале мирно и дека Ахмет Давутоглу во победничкиот говор ветил дека сака да биде надмината поларизацијата и тензијата во турското општество.„Германската канцеларка и турскиот премиер се согласија дека мора да продолжи билатералниот дијалог за неопходноста од намалувањето на приливот на бегалците и дека мора да резултира со брзо постигнување конкретни договори“, изјави Зајберт.Белата куќа во понеделникот, пак, изрази длабока загриженост поради фактот дека медиумите и новинарите биле изложени на притисоци во текот на предизборната кампања.Во заднина на информациите за притисоци врз новинарите со цел да се ослаби политичката опозиција, портпаролот на администрацијата на американскиот претседател Џош Ернест на редовниот брифинг во Белата куќа изјави дека американските ги повикуваат турските власти да се придржуваат до вредностите истакнати во уставот на земјата.Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), чии претставници ги набљудуваат изборите во Турција, изрази во понеделникот „сериозна загриженост“, тврдејќи дека „јакнењето на насилството“ во текот на кампањата, особено на југоистокот на земјата, „оневозможило некои од кандидатите да спроведат слободна кампања“.„Физичките напади врз членови на партиите и значителните безбедносни пропусти, особено на југоистокот, влијаеја врз текот на предизборната кампања“, напиша во изјавата за медиумите во понеделникот, шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ на турските избори, Санчез Амор.Истакна, исто така, дека голема причина за загриженост претставува притисокот кој бил вршен врз новинарите, вклучително и полицискиот упад во просториите на медиумската групација „Koza-Ipek“. „За жал, кампањата за овие избори ја одбележаа нечесни постапки и, донекаде, стравот“, изјави шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Андреас Грос./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.
Новинар и снимател на српски Информер, пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за шерот (удел во вкупна ТВ гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.