Регион
Милион евра мито во аферата Microsoft во Романија

Неколку романски поранешни министри и деловни луѓе осомничени се дека промиле милиони евра мито до дистрибутерот на софтверот на „Microsoft“, според податоците на истрагата којашто ја спроведоа властите во Букурешт, пишуваат во средата локалните медиуми.
Неколку романски поранешни министри и деловни луѓе осомничени се дека промиле милиони евра мито до дистрибутерот на софтверот на „Microsoft“, според податоците на истрагата којашто ја спроведоа властите во Букурешт, пишуваат во средата локалните медиуми.
Девет поранешни министри на Романија се осомничени во споменатата афера, од антикорупциското обвинителство DNA, која во петокот официјално го побара укинувањето на нивниот имунитет за да можат да бидат кривично гонети. Обвинети се за продажба на своето влијание, корупција и за перење пари.
Истрагата на DNA се однесува на договорот за укинување на лиценцата на американската компанија „Microsoft“, којашто во 2004 година го склучи владата на Романија со „Fujitsu Siemens Computers“, компанија којашто тогаш се претставувала како единствен дистрибутер на тие производи.
Сведоците цитирани во извештајот на обвинителите кој е препратен до парламентот детално го изнесуваат движењето на повеќе десетици милиони долари или евра мито исплатени на членовите на владата од 2001 до 2012 година и на деловни луѓе, коишто биле посредници во таа афера.
Министерот за комуникации меѓу 2008 и 2010 година, Габриел Санду, така, примил мито од три милиона евра и барал дополнителни 1,8 милион евра за фаворизирање на две компании. Двајца бизнисмени, Дорин Цоцос и Георге Стефан добиле 13 милиони евра вкупно во 2009 година за интервенцијата кај демократско-либералниот премие Емил Бок и два негови министра во полза на тие компании.
Една од сведоците го наведува името на сегашниот социјалдемократски премиер Виктор Понта кој во 2004 година во својство на шеф на владиното надзорно тело и’ олеснил на „„Fujitsu Siemens Computers“ да склучи договор со министерството за образование. „ Во замена за таа поддршка, ’Fujitsu Siemens Computers’, го снабди со компјутери седиштето на Социјалдемократската младина“, на којашто Понта во тој период бил претседател, тврди сведокот ненаведувајќи дали Понта интервенирал или не во позла на таа компанија. Понта се бранеше од секаква вмешаност во таа афера изразувајќи ја подготвеноста да одговори на прашање на обвинителите доколку биде повикан./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри

Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Регион
(Видео) Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг. Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Тешка несреќа: воз налетал на автомобил во Србија

Во вечерните часови кај Лазаревац се случи тешка сообраќајна несреќа кога патнички автомобил, кој поминувал на железнички премин, налетал на воз.
„Според првите информации, состојбата на луѓето во автомобилот се уште не е позната“, изјавиле очевидци за агенцијата РИНА.
Оттаму наведуваат дека судирот бил силен, а припадници на сообраќајната полиција во моментов се на терен и вршат увид.
Подоцна ќе бидат утврдени сите околности на несреќата, а наскоро се очекуваат повеќе информации, пренесуваат српските медиуми.