Регион
Могерини: Претстои уште многу работа за Белград и Приштина
Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини оценила дека Косово и Србија се ангажирани за „целосна нормализација на односите“ и дека во момент важно е дијалогот да продолжи, пренесува Танјуг.
„Ние знаеме дека нормализацијата на односите не може да се постигне преку ноќ – бара време и не е лесно“, изјавила таа во интервју за Koha ditore, додавајќи дека „од самиот почеток, дијалогот сведочи за конкретниот напредок“.
Могерини додала дека таа го помага и го поддржува дијалогот на двете страни, „како би се донеле конкретни промени за нивните народи“.
Таа истакнала дека има уште многу работа која треба да се заврши, особено кога се работи за целосното спроведување на досега постигнатиот договор.
„Дијалогот ќе продолжи и што поскоро треба да се пронајде можно решение за низа отворени прашања кои ја спречуваат нормализацијата на односите“, рекла Могерини и нагласила дека „решавањето на проблемите по пат на дијалог и преговори се европскиот начин и една од целите на разговорот е како Приштина, така и Белград, да бидат доведени што поблиску до Европа“.
Италијанската дипломатка изјавила дека „Косово има јасна европска перспектива која е признаена и потврдена од ЕУ и тоа највисоко ниво, а ова важи за целиот западен регион и Унијата дефинирала јасни чекори, услови и реформи кои треба да се преземат со цел влегување во ЕУ“.
Таа укажал дека засега тие се посветени на реформите, односно конкретните чекори кои треба да се преземат за Косово да се движи напред, прецизирајќи дека се работи за економски, социјални и политички реформи, како и за нормализација на односите со Србија.
„Тоа се предизвици на кои треба да работиме и тоа без доцнење“, порачала Могерини, која во четврток ќе ја посети Приштина, а ден подоцна и Белград, на разговори со тамошните политички лидери./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.