Регион
Момче од Црна Гора загинало во редовите на IS
Осумнаесетгодишно момче од Плав, гратче во црногорскиот дел на Санџак, идентификувано како Ернад Хусеиновиќ, загинал кон крајот на јануари на боиштето во Сирија, борејќи се на страната на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS). Во последните две години ова е четврти случај на загинување на црногорски државјанин во Сирија.
Како што пишува во понеделникот подгоричкиот дневен весник Дан, Ернад Хусеиновиќ загинал на 20-ти јануари во самоубиствен бомбашки напад во Сирија.
Семејство добило известување дека загинал, но посмртните останки не можеле да ги преземат поради начинот на кој настрадал, како што им кажале на неговите родители во црногорската полиција.
Во Сирија заминал преку Германија, а извесен период живеел во Бохум, каде се поврзал со лица кои му помогнале да се поврзе со исламистите. Црногорските медиуми пишуваат дека момчето повеќе од половина година минало на боиштето во Сирија борејќи се на страната на Исламската држава.
Претседателот на комисијата за безбедност и одбрана во црногорскиот парламент, Мевлудин Нихоџиќ, изјави неодамна, дека според податоците со коишто располага, дека шест државјани на Црна Гора во моментов војуваат во Сирија и Ирак, од кои тројца загинале, пред Хусеиновиќ.
Дневникот Дан, пак, во понеделникот пишува дека пред една седмица група од 20 црногорски државјани се обиделе преку Португалија да се префрлат во Сирија, како и дека во таа намера биле спречени на аеродромот во Лисабон и сите биле вратени во Црна Гора.
Нухоџиќ укажа на тоа дека „еден број од повратниците се враќа од разочаран од воените подрачја поради тоа што го видел таму и во што учествувал, и оти тоа бара ангажман на целото општество во процесот на нивната рехабилитација“, Особено предупреди дека е неопходно да се дејствува во смисла на сладење на активностите, координацијата на безбедносните служби и секојдневна размена на информации со службите во регионот и со другите партнерски организации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.