Регион
На Косово спречени судири, во Тирана опколена српската амбасада
Косовската полиција спречија немири меѓу Србите и Албанците во северниот дел од Косово по скандалозниот прекин на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград откако над стадионот надлета летало со симболи на Голема Албанија, пренесува порталот kossev.info, додека приштинскиот сајт Express пренесува дека албанските навивачи ја опколиле српската амбасада во Тирана која е обезбедувана од силни полициски единици, а осомничениот за инцидентот брат на албанскиот премиер веќе ја напушти Србија.
Припадници на косовската полиција, на полициската мисија на Европската унија – Еулекс и воената мисија под команда на НАТО – КФОР, употребиле шок бомби за да ја растераат масата косовски Албанци кои излегоа на улиците од северниот косовски град Косовска Митровица е се обиделе да влезат во северниот дел од градот каде што мнозинство е српското население.Според извештаите на локалните медиуми, група луѓе се собраа на двете страни од мостот на реката Ибар која го дели градот на албански и на српски дел, меѓутоа се наведува дека Србите не покажувале агресивност. Претходно косовските Албанци излегле на улиците за да го прослават прекинувањето на мечот во Белград откако братот на албанскиот премиер Еди Рама – Олси Рама, беше приведен под сомнение дека директно го организирал и раководел со инцидентот со леталото на далечинско управување коешто влечеше знаме со карта на Голема Албанија, поради што мечот беше прекинат во 44 минута.Белградските медиуми јавуваат дека помладиот Рама при апсењето рекол дека „не му можат ништо“ бидејќи е државјанин на САД и се легитимирал со американска патна исправа. Со него биле приведени и другите членови на албанската делегација од ВИП ложата на стадионот на Партизан.Белградски Блиц објави дека сите се пуштени на слобода, бидејќи според извор од министерството за внатрешни работи на Србија „не можело да им биде обезбеден бранител поради штрајкот на адвокатите“. Истиот извор рекол дека обвинителството дополнителни ќе одлучи какви чекори ќе преземе. Албанската делегација од стадионот заминала за аеродромот „Никола Тесла“ од каде имала чартер за Тирана./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.