Регион
На протестите на Косово против министерот Србин над 80 повредени
Во насилството коешто избија во текот на косовските Албанци против министерот Србин кого го обвинуваат дека ги навредил во вторникот повредени се повеќе од 80 лица, меѓу кои 56 припадници на косовските сили на редот и 29 демонстранти, ситуацијата во Приштина со паѓањето на вечерта се смирила, а полицијата успеала да ги оддалечи демонстрантите и започнало чистење на градот, пренесуваат косовските електронски медиуми.
Учесниците на протестите пред зградата на владата во Приштина врз полицијата фрлаа со камења, на што нејзините припадници возвратија со солзавец. Судирите ескалираа кога демонстрантите се обидоа да навлезат во седиштето на косовската влада, а според, полициските извештаи, приведени се од повеќе од стотина лица, чиј број засега не е прецизиран.
Апсењата сé уште траат, пренесува Радио Слободна Европа. Привремено е приведен и градоначалникот на Приштина., Шпенд Ахмети, кој е член на опозициското движење Самоопределување.
Партиите од опозицијата на косовските Албанци бараат оставка од министерот за труд Александар Јаблановиќ, припадник на српското малцинство, кого го обвинуваат дека Албанците ги нарекол „дивјаци“. Министерот Јаблановиќ на почетокот од јануари некои албански демонстранти кои во војната со српските сили во тогашната јужна покраина Косово и Метохија од 1998/1999 загубиле членови на своите семејства, ги нарече „дивјаци“ и дека меѓу нив има „воени злосторници“ кога албаските сдемонстранти сакаа да спречат група Срби да посетат манастир во западно Косово по повод Божик. Министерот подоцна се извини, но опозициските партии и натаму бараат негова оставка, организирајќи протести ширум Косово.
Ова е веќе втор масовен протест во Приштина во последните четири дена со коишто се бара оставката на Јаблановиќ, еден од тројцата Срби во владата на косовскиот премиер Иса Мустафа.
„Јаблановиќ оди си“ и „Долу владата“ беа некои од слоганите кои беа извикувани во вторникот во Приштина. „Ќе ги продолжиме протестите сé додека Јаблановиќ не поднесе оставка“, изјави Албин Курти, водач на националистичкото косовско движење Самоопределување, кое е организатор на антивладините протести.
Косовскиот премиер Иса Мустафа и вицепремиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи ги осудија насилствата на вонредната прес-конференција. „Плоштадите во Приштина многу се оштетени, сопственоста на граѓани уништен, нападнати се јавните плоштади и јавните имот Денешниот протест, кој беше политички мотивирам, и’ нанесе многу штета на нашата држава“, рече премиерот Мустафа.
Хашим Тачи посочи дека протестите не ги организирале граѓаните, туку опозицијата. „Дијалогот и комуникацијата меѓу позицијата и опозицијата треба да се воспостави во парламентот, а не на улиците. Во ниеден мо0мент нема да му се предадеме на насилството. Денешните акти се дело на една мала група. Ова е обид за насилно преземање на власта. Власта може да се добие со слободните гласови на граѓаните, а не со насилство“, истакна Тачи.
Американската амбасадорка на Косово, Трејси Ен Џејкобсон објави на својот Twitter профил дека демократските процеси се демократско право, а уништувањето на јавниот и приватен имот претставуваат криминален чин.
Косовската полиција претходно објави дека по поттикнувачките говори на организаторите на почетокот од протестот група демонстранти започнале со напади врз полицијата „гаѓајќи ја со тврди предмети и пиротехнички средства“, на што таа интервенирала со солзавец, а подоцна и со водени топови. Владата наведе во соопштението дека го почитува правото на протест, но дека е решителна да не ги толерира дејствата кои ја загрозуваат земјата, институциите и јаваната и приватната сопственост.
„Заканувачките говори кои организаторите денеска ги употребија на протестите се неприфатливи и тоа го осудуваме. Исто така, манипулацијата на учениците преку совети и нивните организации да излезат на протестите претставува манипулирање и целосно е неприфатливо за владата и граѓаните на Република Косово“, се истакнува во соопштението објавено во вторникот навечер.
Претседателката Атифете Јахјага ги повика граѓаните на мир и на воспоставување ред на улиците и плоштадите во Приштина а демонстрантите мирно да се разотидат. Апелираше демонстрантите да не продолжуваат да се судираат со косовската полиција. Јахјага ги повика сите политички партии „повторно да воспостават меѓусебен дијалог и да изнајдат заеднички јазик за отворените прашања, прекинувајќи го насилството на улиците“. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.