Регион
На регионот му се заканува снежно невреме
Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека регионот ќе го зафати снежно невреме за време на викендот.
Во Хрватска, Црна Гора и Србија, метеоролошките служби предупредуваат дека заладувањето е вовед во снежно невреме коешто за време на викендот и последните денови од оваа година ќе го зафати цело подрачје.
Возачите се потсетуваат на обврската за поседување на зимска опрема и да не тргнуват на пат ако немат итна потреба.
Во Црна Гора снег паѓа во околината на Цетиње, па на патиштата е неопходна зимска опрема, а поради снегот отежнат е сообраќајот на патниот правец Подгорица-Цетиње.
Медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека снег непрестано паѓа на планините, па веќе овој викенд се очекуваат скијачи, бидејќи снежната покривка ќе достигне 20 до 30 сантиметри.
Во некои делови од Хрватска ноќта меѓу сабота и недела се очекува да наврне снег од половина метро. Подрачјето на Србија ќе го зафати снег ноќта меѓу недела и понеделник.
Се очекува снежна покривак од 10 до 30 сантиметри, а поради силниот ветер и појави на снежни наноси.
Во предупредувањето е најавено дека од понеделник до идната сабота ќе биде доста ладно, наутро со лед, а преку ден температура пониска од нула степени./крај/тј/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.