Регион
Најбогатиот пратеник во Албанија тврди дека Мета нарачал негова ликвидација
Најбогатиот пратеник во албанското Собрание, Том Доши објави дека претседателот на Собранието Илир Мета нарачал убијци за негова ликвидација.
Доши, инаку член на Социјалистичката партија, за албанските медиуми изјави дека ова сознание го има пријавено и кај одредени надлежни служби. Според него ликвидацијата е нарачана поради одредени бизнис интереси. Во последно време Доши упати остри критики и на адреса на албанскиот премиер Еди Рама, поради тоа што, според него, добар дел од министрите веќе се корумпирани и не ги извршуваат своите задачи.
По изјавата на Доши, пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија го исклучи Доши од партијата, а веднаш потоа амбасадата на САД во Тирана го поздрави исклучувањето на Доши. Медиумите нагласуваат дека САД веќе неколку години имале информации за замешаност на Доши во криминални активности.
Доши, кој е сопственик на повеќе фирми, е еден од најбогатите албански државјани и има завршено Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Рама, пак, соопштил дека исклучувањето на Доши е поради тоа што неговите активности биле против одредбите на Статутот на партијата.
Албанските медиуми истакнуваат дека Рама продолжува да ја чисти партијата од оние кои му се спротивставуваат. Истите извори наведуваат дека за само 10 години, од партијата се исклучени 11 видни членови, како што се поранешниот шеф на дипломатијата Кастриот Ислами, потоа поранешниот министер за финансии Арбен Малај итн.
Албанската опозиција побара истрага за случајот Доши и оставка на претседателот на Собранието Илир Мета./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.