Регион
Најмалку 27 мртви и 75 ранети во терористички акти во Анкара
Најмалку 27 луѓе загинаа а 75 се ранети во експлозија која одекна во неделата вечерта во централниот дел на Анкара, соопшти кабинетот на гувернерот на турската престолнина.
Според медиумските извештаи, експлозијата се случил во паркот Ѓувен, во близна на автобуската станица на авенијата Ататурк, во квартот Кизилај во центарот на Анкара, околу 18,35 часот по локално време, а телевизиските снимки покажуваат бројни амбулантни возила на местото на трагедијата.
Според телевизијата NTV, која се повикува на неименуван функционер, најверојатно станува збор за самоубиствен напад извршен со автомобил бомба.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а според непотврдени извори, по експлозијата се слушнале истрели од автоматско оружје.
Областа на нападот е евакуирана поради можноста од втор напад, пишува порталот на дневниот весник Hurriyet.
Очевидци велат дека чадот можел да се види од оддалеченост од 2,5 километри, како и дека во областа има многу целосно изгорени автомобили,.
Оваа експлозија дојде одекна помалку од еден месец од нападот со автомобил бомба во центарот на Анкара во близина на штаба на турската армија, во кој загинаа 29 луѓе, најмногу високи офицери кои се превезуваа со воени автобуси.
Одговорноста за тој напад ја преземаа милитантите од малата курдска група Јастреби за слободата на Курдистан, порано поврзана со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK) ја презема одговорноста за експлозијата која одекна на 23-ти декември на аеродром во Истанбул во која загина едно лице, како одмазда за операцијата на турската армија во крудскиот југоисток за земјата./крај/мф/сн.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.