Регион
Несогласувања меѓу Русија и САД за Косово на заседанието на УНЕСКО
Кандидатурата на Косово за членство во УНЕСКО, за што земјите членки ќе гласаат во понеделник, предизвика во петокот на трибината на Обединетите нации несогласувања меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и вториот човек на американската дипломатија Ентони Блинкен.
„Неприфатливо е какво и да е политизирање на културните врски“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на заседанието на Генералното собрание на УНЕСКО на коешто од вторникот учествуваат 195 држави членки на оваа организација.
„Некои наши колеги се обидуваат со сите средства да го покренат приемот на Косово со очигледно кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите народ“, изјавил Лавров оценувајќи дека станува збор за „многу опасна“ процедура.
Резолуцијата 1244 ги одреди начини завршување на судирот на поранешната српска покраина. Таа предвидуваше „значителна автономија“ на покраината во поранешната Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора) и во таа резолуција не се споменуваше можноста за нејзина независност.
Меѓутоа, албанските власти во Приштина еднострано прогласија независност во 2008 година, со поддршка на САД и главните членки на Европската унија, и досега е признаена од стотина земји.
Заменикот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, чија земја го повлече спонзорирањето на УНЕСКО поради приемот во членство на Палестина на што се спротистави нејзиниот сојузник Израел, изјавил во петокот во Париз дека тоа прашање не е поврзано со прашањето на кандидатурата за УНЕСО:
„Постои пат на пристапување на Косово на организацијата, пат кој не го блокира Резолуцијата 1244“, рекол Блинкен на конференцијата во Париз неколку часови по Лавров, забележува AFP
„Не станува збор за признавање. Земјите коишто не го признаваат Косово или специјализираните агенции како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја поддржуваат неговата кандидатура“, рекол американскиот дипломат.
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.