Регион
Невреме предизвика доцнење на летовите од аеродромот во Белград
Невремето проследено со силен дожд, ветар и громови, во четврток, околу пладне, го спречи снабдувањето на авионите со гориво на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а поради тоа неколку летови доцнеа.
Невремето проследено со силен дожд, ветар и громови, во четврток, околу пладне, го спречи снабдувањето на авионите со гориво на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а поради тоа неколку летови доцнеа.
Летовите на авио-компанијата Air Serbia за Скопје, Софија, Истанбул, Бања Лука, Сараево и Подгорица, како и на авиокомпанијата „Fly Dubai“ за Дубаи, доцнеа, соопштија аеродромските власти.Авионите на „Lufthansa“ од Франкфурт и Минхен, кои требало да слетаат на аеродромот околу 12.10 часот и во 12.35 часот, биле пренасочени кон Будимпешта, пишува во соопштението.Заради тоа, доцнеа и летовите од Белград за Атина, Букурешт, Тирана, Солун, Дубровник, Тиват на авиокомпанијата „Air Serbia“, како и летот за Москва на „Аерофлот“.Снабдувањето со гориво ќе продолжи штом има услови за тоа, стои во соопштението на белградскиот аеродром./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.