Регион
Николиќ: Србија е доследна на патот кон ЕУ и очекува чекори на Брисел
Српските функционери порачаа во разговорите со латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс дека Белград ја докажал „апсолутната посветеност“ на патот кон Европската унија, со оцената дека сега би требало да реагира Брисел и да ги отвори првите преговарачки поглавја со Србија.
„Србија ја докажа својата апсолутна посветеност на патот кон рамноправно членство во ЕУ, и би било добро кога Брисел сега би покажат дека решителните чекори на Србија не биле попусто, така што наскоро ќе ги отвори првите поглавја“, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во текот на разговорите со шефот на латвиската дипломатија Едгарс Ринкевичс кој во средата пристигна во официјална посета на Белград, пренесува Танјуг.
Од кабинетот на српскиот претседател соопштија дека „таквиот потег на ЕУ би ги охрабрил граѓаните на Србија, би им покажал дека ЕУ ја посакува Србија“ во своето членство.
Николиќ истакнал дека Србија влегла искрено во дијалогот со Приштина, бидејќи извонредно е заинтересирана „за намалување на тензиите и за остварување на што е подобри услови за живот на сите граѓани кои живеат на Косово и Метохија, на што Србија ја обврзува и нејзиниот устав“.
Српскиот претседател истовремено нагласи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, како и дека „не е добро кој и да е да ги охрабрува властите во Приштина дека тоа е крајната цел на дијалогот кој се води“.
Ринкевичс, според истото соопштение, се согласил со Николиќ дека би било добро Брисел да покаже добра волја и наскоро да ги отвори првите поглавја, и изразил надеж дека тоа „наскоро и ќе се случи“, бидејќи е „очигледен напредокот кој Србија го направила во реформите“. Истовремено рекол и дека жали што тоа нема да се случи во текот на претседавањето на Латвија со Европската унија.
Претходно во средата шефот на латвиската дипломатија се средна и со српскиот премиер Александар Вучиќ кој го запознал со преземените реформи и напредокот во досегашниот дијалог меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, како и примената на Бриселскиот договор.
Ринкевичс, чијашто земја во моментов претседава со ЕУ, пред посетата на Србија во интервјуто за агенцијата Танјуг изјави дека Латвија и Советот на ЕУ го поддржуваат отворањето на првите поглавја во пристапните преговори со Србија што поскоро, со оцена дека успехот и брзината на тој процес „зависат од напредокот на Србија“, особено „во клучните поглавја на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина“./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.