Контакт

Регион

Ноќна драма покрај Сава: Околу 30 лица извлечени од мочуриште, спасувачката акција сè уште трае

Објавено пред

Рано утринава, Жупанискиот центар 112 Вуковар добил известување од оперативно-комуникацискиот центар на вуковарско-сремската полиција за група од околу 30 лица заглавени на подрачјето кај Штитар, помеѓу коритото на реката Сава и насипот кај Бабина Греда.

Веднаш била започната итна акција за пребарување и спасување, а поради непристапниот терен за чамци, биле ангажирани и силите на системот за цивилна заштита. На терен излегле припадници на Државната интервентна единица на цивилната заштита од Осиек, членови на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС), како и пожарникари со соодветна опрема. Тимови на Црвениот крст обезбедиле услови за згрижување на спасените лица.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на седница на Владата потврдил дека станува збор за околу 30 мигранти кои налетале на мочуришно подрачје на тешко пристапен терен.

Спасувачките тимови користеле амфибиско возило прилагодено за движење по мочуришта, како и командно-комуникациско возило за координација на акцијата. На местото се присутни и полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош од Вуковарско-сремската жупанија. Вклучен е и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи за термално пребарување и евентуално извлекување со витло.

Во акцијата учествуваат околу 120 припадници на оперативните служби, Итната помош и полицијата. Досега се спасени 30 лица, кои биле згрижени поради изложеност на ниски температури и хипотермија.

По извршената медицинска тријажа, четири лица се пренесени во болницата во Винковци, две во Вуковар и две во Славонски Брод. Потрагата продолжува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Филипче: Време е за правда, Груевски мора да се врати и да одговара

Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, историската победа на Тиса и Петар Маѓар во Унгарија донесоа крај...

Македонија28 минути

Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец

Во изминатите 20 месеци, Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е...

Македонија34 минути

Ристов, новоименуваниот претседател на РКЕ ја презеде функцијата

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија...

Македонија44 минути

Општина Ѓорче Петров: Американско катче во Домот на културата

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари средба со претставници од Американската амбасада, на која беше иницирано воспоставување на...

Македонија46 минути

Лишени од слобода 57 лица за безобѕирно возење: 1303 сообраќајни прекршоци изминатиот продолжен викенд

Во текот на изминатиот продолжен викенд (10/11/12/13.04.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите...

Европа49 минути

(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да...

Забава56 минути

Пеколна втора половина од април за овие четири хороскопски знаци: Ќе посакате да помине што е можно побрзо

Втората половина од април носи забрзување на настаните за многумина, но за некои хороскопски знаци тоа може да значи и...

Свет57 минути

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите...

Свет1 час

Ракети погодија брод во Оманскиот Залив

Товарен брод е погоден од две неидентификувани ракети во Оманскиот Залив, соопшти агенцијата UKMTO. На бродот избувнал пожар, а пакистански...