Регион
Ново самозапалување или несреќен случај во Бугарија
Сиромашен маж се запали во вторникот во двор на црква во Сандански југозападна Бугарија во еден ден откако тоа го стори пред кабинетот на претседателот на држава 38-годишна жена којашто со 90 отсто од изгореници е во критична состојба, пренесуваат тамошните медиуми поставувајќи го прашањето дали се повторува бранот протести со сомозапалувања од 2013 година и 2014-та.
Станува збор за 48-годишен маж кој по 17 часот во вторникот се запалил во дворот на храмот „Свети Козма и Дамјан“ во Сандански. Брзо реагирале лицата што се нашле на местото на трагедијата и брзо го изгаснеле по што несреќникот бил хоспитализиран со 25 отсто изгореници, а на мажот кој прв му помогнал му се изгорени рацете.Според првичните информации, мажот чиј идентитет сѐ уште не е соопштен, имал психички проблеми, бил многу сиромашен и често бил гледан во близина на црквата и на гробиштата во Сандански, а според БГНЕС се хранел од милосрдие на сограѓаните. Има претпоставки дека неговото палто од лесен материјал се запалило од кандило, но очевидец пријавил дека се полеал со течност и се запалил. Во вторникот состојбата на 38-годишната Лидија Петрова, поранешна фоторепортерка во неколку софиски медиуми и агенции, која не била вработена во моментов, е во критична состојба и нејзиниот живот е во опасност. Семејството жената која била разведена, како мотиви за нејзиниот трагичен гест ги наведува стравувањата за иднината на својот 10-годишен син.Според информациите во бугарските медиуми осум лица вкупно починале од последици на самозапалувања во периодот од февруари 2013 до јануари 2014 година.Без разлика дали за случајот во Сандански ќе произлезе дека станува збор за несрќен случај, сепак двете последни несреќи ги потсетуваат медиумите на протестите во Бугарија во периодот меѓу февруари и мај 2013 година кога во екот на протестите против корупцијата меѓу политичките елити и растот на животните трошоци кога шест лица си ги одзедоа животите, исто така, со самозапалување.Според податоците на европската статистичка агенција Eurostat. сиромаштијата и општествената исклученост се закана за 48 отсто од бугарското население.Во Бугарија просечната плата изнесува 400 евра, а пензиите 100 евра, и едно од пет семејства живее под прагот на сиромаштијата. Според една неодамнешна анкета, 69 отсто од населението ја оценуваат состојбата на нивната нација како „неподнослива“.Протестите ја бутнаа владата на Бојко Борисов, но по година ипол нестабилност, тој повторно победи на вонредните парламентарни избори на 5-ти октомври и се подготвува да управува со земјата со малцинска коалиција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.