Регион
Обама му честиташе на Ердоган на изборната победа
Американскиот претседател Барак Обама му честиташе ноќта кон средата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на победата уште во првиот круг од првите претседателски избори на кои гласачите првпат во историјата директно се изјаснуваа, соопшти Белата куќа.
„Претседателот (на САД, Барак Обама) го пофали говорот на премиерот во неделата и истакна дека како прв избран претседател на директни избори има историска можноста да ја поведе Турција далеку напред“, се наведува во соопштението на Белата куќа.Ердоган во својот говор по изборите вети дека ќе работи на помирувањето во Турција, и оти ќе биде претседател на сите 77 милион Турци.„Претседателот и премиерот се согласија за важноста од блиската соработка во врска со Сирија и Ирак и терористичките закани коишто доаѓаат од регионот“, се наведува натаму во американското соопштение по повод телефонскиот разговор меѓу Обама и Ердоган.Според турската страна, телефонскиот разговор меѓу двајцата челници траел 45 минути, но од него не се апострофира ништо посебно што не го посочува и Белата куќа.Ердоган минатиот месец првпат во јавноста проговори за напнатоста во меѓусебните односи со Обама, велејќи дека со американскиот претседател веќе не разговара директно како што тоа го правел порано.Стилот на практикување на власта на Ердоган кој се движи од жестока бомбастична реторика во врска со Израел, – кој е важен партнер на Блискиот исток зад кој доследно стојат САД, а особено за неговата воена операција во палестинската енклава Појасот Газа која често ја споредува со нацизмот – , до бруталното справување со протестите против неговата влада минатото лето предизвикуваат сѐ поголема загриженост на западните сојузници кои сѐ почесто ги споменуваат и конзервативните исламски корени на неговата политика..Сепак, Турција останува клучна членка на НАТО и стратешки сојузник на САД на немирниот Блиски исток, со заеднички интереси кои вклучуваат енергетска безбедност и борба против тероризмот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.