Контакт

Регион

Објавена фотографија од Србинот кој висеше од авион на „Рајанер“ – се наоѓа во болница во Солун

Објавено пред

Фотографија од 61-годишниот српски државјанин кој за малку ќе го загубел животот за време на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ е објавена во грчките медиуми. Мажот, чие име сè уште не е соопштено, се наоѓа во болница во Солун, каде се опоравува од повредите и шокот по драматичниот инцидент.

Несреќата се случила на летот на релација Солун – Минхен, кога за време на летот дошло до пукање на прозорец во кабината. Српскиот патник седел до прозорецот, а поради наглата декомпресија, половина од неговото тело било извлечено надвор од авионот.

Неговиот живот бил спасен благодарение на брзата реакција на сопругата, која веднаш го фатила и го држела додека авионот сè уште бил во воздух. Во помош пристигнале и друга сопатничка и уште еден патник.

„Сè се случи во дел од секунда“ – сведоштво на сопругата

Сопругата на повредениот патник во интервју за грчката телевизија „Мега“ ги опишала драматичните моменти во авионот.

„Летавме веќе 30 до 40 минути кога одеднаш пукна прозорецот. Мојот сопруг седеше до прозорецот. Сè се случи во дел од секунда. Поради разликата во притисокот, половина од неговото тело заврши надвор. Сè леташе низ кабината. Паднаа маските за кислород, а никој не знаеше што да прави. Сите плачеа“, раскажала таа.

Таа објаснила дека среќна околност било тоа што нејзиниот сопруг бил врзан со сигурносен појас, но дека пресудна била и реакцијата на луѓето околу него.

„Ние две го држевме, а потоа дојде господинот од редот до нас и заедно го влечевме за раката додека половина тело му беше надвор од авионот“, изјавила сопругата.

Авионот безбедно слетал во Солун

По драмата во воздухот, авионот го променил курсот и безбедно слетал на аеродромот „Македонија“ во Солун.

По слетувањето, патниците биле евакуирани, а повредениот 61-годишник, како и лицата кои му помогнале во критичниот момент, биле пренесени во болница.

Според грчките медиуми, меѓу кои и „Катимерини“, се истражува можноста дека за време на спуштањето на авионот дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорецот на кабината, што предизвикало негово кршење.

Фотографиите по слетувањето покажуваат сериозно оштетување на десниот мотор на авионот, додека снимки од кабината покажуваат скршен прозорец и активирани маски за кислород. Сепак, истражителите треба да утврдат што точно се случило.

Српскиот конзулат: Патникот не е животно загрозен

Од Генералниот конзулат на Србија во Солун информирале дека лекарите го следат здравјето на повредениот државјанин и дека тој не е животно загрозен.

„Генералниот конзул на Република Србија во Солун, Јелена Вујиќ-Обрадовиќ, веднаш по сознанието за инцидентот го посетила повредениот државјанин во болницата и разговарала со управата на здравствената установа и надлежните лекари, како и со сопругата на повредениот“, соопштија од конзулатот.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот

Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец безбедно слетал во Солун, истрагата за инцидентот ја водат македонските надлежни органи, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, објави Aero.rs.

Според правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО) и Анекс 13, истрагата ја води државата над чија територија или воздушен простор се случил сериозниот инцидент.

Во истрагата ќе бидат вклучени експерти од повеќе држави. Грција ќе учествува бидејќи авионот се наоѓа во Солун, каде ќе се вршат детални технички проверки на моторот, оштетениот прозорец, трупот и податоците од летот.

Малта ќе биде вклучена како држава на регистрација на авионот и држава на операторот, бидејќи летот го извршувала „Малта Ер“, компанија од групацијата „Рајанер“.

САД, преку Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ), ќе обезбедат техничка поддршка бидејќи станува збор за авион „Боинг 737“, произведен во САД. Во анализата ќе учествуваат и производителот „Боинг“ и компанијата „ЦФМ Интернешнл“, која го произведува моторот.

Ќе се анализираат сите детали од летот

Истражителите треба да утврдат што точно се случило за време на летот – дали прво дошло до дефект на моторот, кој дел се одвоил, како дошло до оштетување на авионот и поради што се скршил прозорецот во патничката кабина.

Ќе бидат анализирани податоците од црните кутии, разговорите во пилотската кабина, документацијата за одржување на авионот и моторот, како и сите пронајдени делови.

Најново

Спорт5 минути

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија16 минути

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија48 минути

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт1 час

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...