Регион
Објавено „Балканското досие“ на исламисти, од Македонија 207 се бореле за ИС
Во Сараево се одржува конференција „Балкански џихадисти: радикализација и регрутирање борци за Сирија и за Ирак“, која ја организира Балканската истражувачка регионална мрежа (BIRN) каде се прикажани резултатите од анализата на радикализацијата и регрутирањето на џихадисти од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Србија, а податоците се алармантни.
Во Сараево се одржува конференција „Балкански џихадисти: радикализација и регрутирање борци за Сирија и за Ирак“, која ја организира Балканската истражувачка регионална мрежа (BIRN) каде се прикажани резултатите од анализата на радикализацијата и регрутирањето на џихадисти од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Србија, а податоците се алармантни.
Според изнесеното на конференцијата, а што преку твитер го пренесува BIRN BiH, најголем број борци од Балканот во Сирија и во Ирак заминале во 2012 и 2013 година.На пат за џихад од Косово заминале 300, од Македонија 207, од БиХ 200, од Албанија 107, од Србија 50 и од Црна Гора во редовите на Исламска држава заминале 13 борци, или вкупно 877.Сепак, податокот кој повеќе загрижува е колку од нив се вратиле во своите држави од Сирија и од Ирак. Така, во Косово се вратиле 130, во Македонија 70, во БиХ 50, во Албанија 42 и во Србија 7 или вкупно 299 борци кои се бореле за најопасната терористичка група на светот, а се вратиле на Балканот. Тие луѓе не се во затвор, но се под постојан полициски надзор во своите држави.Новинарката на BIRN, Анита Рајс, истакна дека последните години бројот на борци кои одат во Сирија и во Ирак се намалил затоа што овие држави донесоа закони со кои заминувањето се казнува, но уредникот на BIRN, Ервин Квафмола смета дека соработката на полициите меѓу овие земји не е на задоволителноto ниво. За заминувањето на борците од Косово најзаслужни, според него, се илегалните џамии.Во текстот за џихадизмот, Рајс наведува дека безбедносни и разузнавачки експерти нагласуваат дека значителен број млади луѓе на радикалните опции им пристапуваат преку интернет и покрај новите закони и безбедносни мерки, опсегот на екстремизмот е поголем од што се мислело.Експертот за зајбер-тероризам, д-р Фабијан Зила, од Канадскиот институт за технологија во Тирана, вели дека младите Албанци најмногу се радикализираат преку социјалните мрежи како Фејсбук. Д-р Мимоза Кшаро, која повеќе од 20 години соработува со разузнавчките служби во Албанија, вели дека екстремизмот е потценет и дека Албанија е под закана од раст на онлајн поборниците за екстремизам кои би можеле д делуваат како осамени напаѓачи.
Говорниците на конференцијата сметаат дека треба да се вратиме на основите, да се работи меѓу луѓето и нивните заедници, а тоа веќе не се прави./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.