Регион
Од Турската армија исфрлени речиси 1.400 припадници
Турција поради под обвинение за врски со исламскиот клерик Фетулах Ѓулен кој живее во САД и кого го смета за организатор на неуспешниот воен удар од пред две седмици, од армиските редови исфрлила 1.389 луѓе, извести во неделата новинската агенција Anadolu.
Оваа вест за чистки во армијата дојде неколку часа откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави промени во вооружените сили, вклучително и затворање на воените школи, со што војската би била ставена под поцврста контрола на властите.
Анкара за неуспешниот обид за воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули во кој загинаа 246 цивили и стотина пучисти а околу две илјади луѓе беа ранети, го обвинува конзервативно исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во Пенсилванија и бара негово предавање од САД, додека овој повеќепати ги отфрли таквите обвинувања на негова адреса.
Ердоган во саботата предложи Генералштабот на армијата и раководството на разузнавачката служба да бидат ставени под контрола на кабинетот на претседателот на државата, но за тоа ќе биде потребно парламентот да прифати уставни промени.
Националната разузнавачка агенција познатата како MIT, во моментов е под контрола на премиерот. Војската традиционално има одреден степен на автономија во Турција и со предложените мерки вооружените сили би биле ставен и под цивилна контрола. Ердоган предложи копнените сили да бидат под контрола на министерството за одбрана.
Со предложените промени би биле затворени и воени школи кои би се преобразиле во структури според универзитетски принцип.
Западните сојузници на Турција го осудија обидот на воен удар, но изразуваат загриженост поради одговорот на турските власти на пучот.
Ердоган, меѓутоа, однесувањето на западот го оцени како „срамно“, бидејќи покажува поголем интерес за судбината на заговорниците, отколку за земјата која е членка на НАТО, прекорувајќи ги западните челници што по обидот за пуч не ја посетиле Анкара.
Наместо политички личности, во Турција во неделата би требало да пристигне командантот на здружениот штаб на американските сили Џозеф Данфорд./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.