Регион
Операцијата „Бура“ – политички процес кој трае и натаму
Воената операција „Бура“, која беше изведена во 1995-та година и за време на која беа прогонети околу 250 илјади Срби, и 20 години подоцна е спорна тема околу која се полемиира, пишуваат српските медиуми.
Главното прашање е дали е возможно да се воспостави нормален живот за Србите во Хрватска и нормални односно меѓу двете држави. Градоначалникот на Книн, Драго Ковачевиќ, 20 години по „Бура“ е убеден дека работите можеле поинаку да се случат.
Како што наведува тој, не отстапува од ставот дека во договорената војна во која елитите на Србија и Хрватска соработуваа во „етничниот инжинеринг“ – врвот беше операцијата „Бура“.
Српскиот професор Петар Лаѓевиќ, кој е еден од основачите на Српскиот демократски форум, наведува дека Хрватска денес не ги почитува законите кои ги има донесено.
„Не е само што бевме прогонети, тоа што бевме прогонети е факт, туку проблемот е во продолжувањето на ‘Бура’ преку други средства, а тоа е дека Хрватска денес не ги почитува елементарните закони коишто ги донесе“, вели Лаѓевиќ.
Според него, она што е клучно е дека државите ги трпат последиците од „Бура“ и дека „во таа војна која тој и натаму ја нарекува граѓанска, не се почитуваат законите кои беа донесени“.
„Правата на малцинската заедница на Србите во Хрватска не се почитуваат. Најважно е дека ‘Бура’ не беше само прогон, туку политички процес кој трае и ден денес“, додава градоначалникот на Книн, Драго Ковачевиќ.
Хрватско-српските односи во последните 20 години се во најлоша фаза од која повремено излегуваат, смета политикологот Дејан Јовиќ, додавајќи дека она што е неопходно е соочување со минатото.
„Не сум сосема сигурен дали треба да му се даде предност на сеќавањето или пак на заборавот. Треба да се најде баланс меѓу тоа. И некогаш ми се чини дека во таа смисла, политиката која што ја водиме е погрешна“, наведува Јовиќ.
„Ние, Република Хрватска и Република Србија и денес немаме закон кој би ги регулирал правата на жртвите од војната и јас би сакала да видам политичка одговорност. Човекот тука доаѓа на некое десетто место“, додава Весна Тршелиќ, претставник на здружението Документ – Центар за соочување со минатото.
Хрватска, двете децении од акцијата „Бура“ ќе ги одбележи како Денот на победата и Денот на хрватските бранители, додека истовремено Србија пак, ќе ги одбележи како Денот на сеќавањето и прогонувањето, во една акција во која беа протерани 250 илјади Срби, додека, пак, повеќе илјади беа убиени или се водат како исчезнати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.