Регион
Опозициска партија ја спаси владата на Ѓукановиќ
По тридневна дебата, црногорскиот парламент во средата вечерта изгласа доверба на владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, а одлучувачка за опстанокот на владата беше поддршката од страна на опозициската партија Позитивна Црна Гора, пренесуваат тамошните медиуми.
Иницијативата за гласањето за довербата во парламентот беше дадена од страна на самата влада, прифаќајќи го предлогот на премиерот Ѓукановиќ, откака нејзиниот тогашен коалициски партнер, Социјалдемократската партија (СДП), порача дека таа е „техничка и без легитимитет“.
Освен партијата на Ѓукановиќ, Демократската партија на социјалистите (ДПС), за опстанок на владата гласале и малцинските партии – Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ), Либералната и албанската партија, потоа опозициската партија Позитивна Црна Гора, која во владејачката коалиција ја замени СДП на Ранко Кривокапиќ.
Својот глас за опстанок на владата, Позитивна Црна Гора го услови со прифаќање на нејзината програма за излез од политичката криза, која подразбира продолжување на евроатланските интеграции, отворање на владата кон опозицијата и квалитетни подготовки за претстојните парламентарни избори.
Во завршниот говор Ѓукановиќ ги повика сите партии од парламентарната опозиција на соработка со владата, остапувајќи им некои министерски и помошнички места, како и место на потпретседател на владата, со што би се контролирала работата на неговиот кабинет, особено кога има подготовки за претстојните избори. За цело време додека траеше тридневната дебата, пред зградата на Собранието на Црна Гора беа поддржувачите на опозицискиот Демократски Фронт (ДФ), со присуство на бројни полициски сили./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.