Регион
Пинк Пантер провали во станот на хрватската амбасадорка во Подгорица
Случајот на провала на станот на хрватската амбасадорка во Подгорица, Ивана Сутлиќ Периќ, црногорската полиција брзо го реши така што ноќта кон четвртокот го уапсила 59-годишниот Рајко Чаушевиќ, припадник на озлогласената разбојника банда „Пинк Партнер“.
Како што во четвртокот пишуваат подгоричките медиуми, Чаушовиќ е осомничен дека со уште два лица го извел грабежот на станот на хрватската амбасадорка во Подгорица. Освен него, уапсен и 23-годишник, исто така, од Подгорица.
Според неофицијалните информации од Дневне новине, станот на амбасадорката Сутлиќ-Периќ бил ограбен пред десетина денови во ноќните часови, која двајцата крадци по инструкција и придружени од Чаушевиќ провалиле во станот преку балконската врата/
Притоа крадците однеле вреден уникатен накит, од кои дел е пронајден при нивното апсење.
Чаушевиќ е означен како водач на групата „Пинк Пантер“ во Подгорица, а во една прилика во медиумите изјави дека првпат биле уапсен со само 17 години, а подоцна дел од животот го минал во затвори во Германија, Австрија, Луксембург, Италија, Франција, Шпанија, Шведска, Холандија ….
Последен пат бил во затвор во 2013 година токму во Хрватска, поради позната кражба на препарирана мечка. „Пинк Пантер“ е името коешто Интерпол ѝ го додели на меѓународната криминална група којашто е специјализирана за кражби на накит низ целиот свет од познати јувелирници./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.