Регион
Плевнелиев: Бугарија помалку да биде зависна од големите сили
Кон средината на предизборната кампања за избор на претседател повторно се прави обид граѓаните да не чујат она најважното, а тоа е што претседателските кандидати планираат да направат за Бугарија во следните пет години, кои се проблемите на Бугарија и како тие планираат да ги решаваат, да бидат фер кон бугарскиот народ и да објаснат на избирачите што планираат да завршат, па народот да направи свесно решение и да направи свесен избор, порача во вторникот бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пренесуваат бугарските медиуми.
Плевнелиев смета дека следниот претседател, кој и да ќе биде тој, во преостанатите денови до изборите треба да даде одговор на најважните прашања – како ќе работи на проблемите на безбедноста во регионот; како ќе работи на кризите – од миграциската, тероризмот и односите со Русија, па се до тоа „Бугарија да е помалку зависна од оние, кои се собираат некаде и решаваат нешто“.
Плевнелиев потсетил дека во 2009-та година бил меѓу водечките менаџери во земјата, член на одборите на најголемите индустриски-трговски и организации на работодавачи кај нас, и бил дел од економскиот експертски тим на ГЕРБ.
„Влегувањето во политиката е резултат од последователните активности во услови на криза и како активен бугарски државјанин, кој бара решенија во тие тешки моменти за Бугарија, влегов во политиката, не затоа што некој ме посочил и сум зависен од некого, туку затоа што сакав да и помогнам на Бугарија. По две години како министер и пет години како шеф на државата стојам гордо и со билансот дека и помогнав на Бугарија во тежок момент. Дејствував независно и совесно“, порачал бугарскиот претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.