Регион
По сопругата, Варуфакис го брани и татко му
Јанис Варуфакис, грчкиот министер за финансии, предизвикува љубомора бидејќи е поспособен, изјави неговиот 90-годишен татко во интервјуто за весникот Етнос.
Говорејќи за другите европски министри, кои не ги именува, Јоргос Варуфакис оценува дека неговиот син „тие сакаат да го девалвираат, бидејќи е способен“ и додава дека „Тој не е како нив. Затоа го напаѓаат“.
Варуфакис во еден разговор од минатата седмица призна дека е „омразен“ меѓу своите колеги во еврозоната.
Јоргос Варуфакис, кој е сé уште е претседател на металуршката компанија „Halivurgiki“ нагласува дека е многу близок со синот. „Јанис, кој инаку е многу добро момче, секогаш му кажува на премиерот што треба да се стори и затоа тој го обожува“, вели постариот Варуфакис.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата седмица направи промени во тимот кој преговара со меѓународните доверители, што се толкува како обид да го стави Јанис Варуфакис во втор план, бидејќи ги иритира партнерите од еврозоанта. Меѓутоа, таткото на грчкиот министер за финансии на тоа не гледа така. „Напротив, тој го зајакна неговиот тим“, вели таткото Јоргс.
Го брани и стилот на својот син, познат по избричената глава и раскопчани кошули, фармерките и моторот. „Кристин Лагард (извршната директорка на ММФ) навистина го сака, како впрочем и сите жени, во Европа и во Грција“, вели таткото.
Сопругата на Варуфакис, Дана, минатата седмица, исто така, застана во негова одбрана. Но буквално, заштитувајќи го во еден ресторан во елитниот атински кварт Егзархија, кога застана меѓу Јанис и анархистите кои откако кон него фрлале со разни предмети тргнале да се пресметаат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно откога е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето што биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето со цел да се утврдат детали, кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата, која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија, кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување малолетно лице.
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто-зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.