Регион
Почина и лекарот ранет во нападот во болницата во Изола
Лекарот кој беше тешко ранет во нападот на засега официјално неименуван напаѓач во општата болница во словенечкиот приморски град Изола почина во понеделникот вечерта, со што станата третата жртва во овој инцидент, по полицаецот кој беше убиен во самата болница и напаѓачот кого го уби полицијата во обидот да избега со автомобил, пренесуваат словенечките медиуми.
Вооружен напаѓач влегол околу 15 часот во болницата во Изола и отворил оган. Убил сообраќаен полицаец кој во болницата бил поради увид од сообраќаен прекршок и се симнал од еден од погорните катови кога слушнал истрели, а лекар и уште ден полицаец беа тешко ранети.
Лекарот починал во текот на ноќта, а полицаецот е пренесен со хеликоптер во болница во Љубљана каде што е опериран во сложен зафат од повеќе хируршки тимови и во моментов е надвор од животна опасност, пренесува електронското издание на љубљанскиот дневен весник Delo.
Напаѓачот го уби полицијата кој откако пукал во болницата мирно излегол во неа и повторно почнал да стрела во полицајците од својот автомобил. Мотивите за нападот засега не се познати.
Очевидци велат дека напаѓачот влегол со листа на лекари кои сакал да ги убие. Убиениот лекар, 36-годишниот уролог со мексиканско и словенечко државјанство Луис Гилермо Мартинез Бустаманте, кој бил многу популарен, според очевидци случајно се нашол со убиецот, но велат дека тој се распрашувал за него.
Според последните сознанија добиени од очевидци, 70-годишниот Дарко Грегорич од околината на Копер го барал својот уролог Бустаманте. Кога се сретнале во централниот ходник на приземјето од болницата кусо време сосема нормално разговарале, но потоа напаѓачот извадил пиштол и стрелал во градите на лекарот. И покрај големите напори на неговите колеги, тие не можеле да го спасат.
Во тек е истрагата, според чиишто прелиминарни сознанија, напаѓачот доста вешто ракувал со оружјето, што упатува на тоа дека имал некогаш обука, како и дека имал план за нападот. Во меѓувреме словенечките власти најавија заострување на безбедносните мерки за полицајците и здравствениот персонал./крај/мф/сн
Извор: Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.