Регион
Подгорица вознемирена по настаните во Куманово
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во врска со судирот меѓу македонската полиција и терористичката група во Куманово, упати сочувство до македонскиот колега Ѓорге Иванов поради загинувањето на осумте полицајци, додека црногорското министерство за надворешни работи и европски интеграции им препорача на своите граѓани при патувањето во Македонија да ја контактираат црногорската амбасада во Скопје за прецизно информирање.
Истовремено, црногорската невладина агенција Граѓанска алијанса ја повика меѓународната заедница да не дозволи повторување на грешките од минатото и активно да го потврди своето присуство во регионот и преку силни дипломатски напори да покаже дека е способна да предводи цивилизиран свет во 21-от век. Оваа организација истакнува дека драматичните случувања во Куманово навестуваат отворање ново поглавје во насилството на балканската почва.
Политиката на меѓународната заедница, која ги сопре европските и евроатланските интеграции на Македонија, придонела за таквата состојба во оваа земја и регионот, порачуваа од Граѓанската алијанса.
Од црногорското Граѓанско движење, нова парламентарна партија на опозицијата, оценуваат, пак, дека „случувањата во Македонија претставуваат уште еден доказ дека Балканот е лесно запаливо место и дека вкоренетите режими во секој момент кога ќе почувствуваат дека се загрозени, можат да предизвикаат насилство“, а еден од челниците на оваа партија, Дритан Абазовиќ, предупредил дека слични работи можат да се случат и во Црна Гора, во моменти кога би дошло до демонтажа на актуелниот режим.
Според неговото толкување, „секој што е малку поупатен во состојбата во Македонија можел да очекува дека ќе дојде до судир“, кој како што наведува, „повторно треба да ги пробуди националните страсти и да послужи како параван за сите штетни и криминални работи кои веројатно се направени од тој режим“.
Абазовиќ, исто така, додава дека се надева дека народот во Македонија, Македонците и Албанците ќе сфатат дека зад тоа стои „политичка заднина“ и дека ниеден човек поединечно, ниеден политичар, независно дали е тоа премиер, министер или бизнисмен не е вреден за пролевање крв на невиниот народ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.