Регион
Полицијата на ЕУ запре масовно иселување од Косово
Полицијата ширум земјите од Европската унија уапси осомничени за кои се смета дека се дел од мрежата којашто шверцувала околу 10.000 илегални имигранти од Косово во западноевропските земји, соопштија во средата високи европски полициски иследници.
Во полициската акција во којашто се уапсени осомничените, биле вклучени близу 400 полицајци. Уапсени се вкупно 77 лица, и тоа во Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Словачка и на Косово, соопшти од Хаг во средата европската полициска агенција Европол. Осомничените главно се лица од Косово, Македонија, Србија, Бугарија, Чешка и Словачка, а според австриската криминалистичка полиција во текот на минатата 2014 година успеале да шверцуваат околу десет илјади луѓе од Косово во западноевропските земји.
Осомничените, според истрагата, од имигрантите барале околу 2.800 евра од лице, или 7.000 евра за цело семејство, за да им овозможат илегален транзит од Србија преку границата со Унгарија, којашто е членка на европската шенгенска зона во која не се користи пасош. Потоа имигрантите се водени понатаму на запад.
Десетици илјади косовари, од кои огромен број се етнички Албанци, го напуштија Косово последните неколку месеци, почнувајќи од ланскиот декември, со желба илегално да дојдат до Европската унија. Повеќето патувале низ Србија во сопствен аранжман, а потоа барале помош од шверцери со луѓе. Многумина од нив пешачеле низ шуми и преку полињата по голем студ, носејќи ги со себе и своите деца.
Илјадници потоа барале азил во Унгарија и во други европски земји, иако на Косово се соочени со голема сиромаштија, но не и со политички прогон. Главна дестинација на илегалните имигранти била Германија, како и Швајцарија, Франција и Италија./крај/мф/сн
Извор: Europol
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.